Лотна (полски: Lotna) e полски филм од 1959 година, во режија на Анджеј Вајда, кој е автор и на сценариото, заедно со Војќех Цукровски. Главните улоги ги толкуваат: Јежи Пихелски, Адам Павликовски, Јежи Моес, Мјечислав Лоза и Божена Куровска, а мала улога има и Роман Полански.
Синопсис Дејството на филмот се одвива во Полска, на почетокот на Втората светска војна. Во текот на борбата со германската армија, капетанот Ходакјевич (го игра Пихелски) здогледува убав арапски коњ кој галопира по бојното поле. Подоцна, неговиот одред се засолнува во еден дворец, каде повторно ја гледаат кобилата за која дознаваат дека се вика Лотна. Притоа, нејзиниот сопственик му ја поклонува Лотна на капетанот, но таа им се допаѓа и на другите офицери во одредот. Наскоро, капетанот погинува во борбата, а кобилата му припаѓа на кадетот Јурек Грабовски (го игра Моес), кој се однесува грижливо со неа. Одредот застанува во едно село, каде кадетот ја среќава учителката Ева (ја игра Куровска) и тие веднаш прават свадба. Меѓутоа, германската војска го бомбардира одредот при што кадетот умира, а кобилата ја наследува поручникот Водницки (го игра Павликовски). Меѓутоа, во текот на една борба со непријателот, додека тој лежи изнемоштен, наредникот Латон (го игра Лоза) ја краде кобилата, но таа се сопнува и ја крши ногата. За да ја спаси од измачувањето, наредникот мора да ја убие Лотна.IMDb, Speed (1959) (пристапено на 29.3.2019)
Наводи
Категорија:Полски филмови Категорија:Филмови на полски јазик Категорија:Филмови од 1959 година Категорија:Филмови на Анджеј Вајда Категорија:Филмови со Јежи Пихелски Категорија:Филмови со Адам Павликовски Категорија:Филмови со Мјечислав Лоза Категорија:Филмови со Божена Куровска Категорија:Филмови со Роман Полански Категорија:Филмови со Јежи Моес Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Полска Категорија:Филмови за Втората светска војна