Далтонизам или бојно слепило — неможност за разликување на некои или на сите бои. Обично се смета за слепило на бои. Далтонизмот го добил името по англискиот физичар и хемичар Џон Далтон (1766-1844) кој прв ја проучувал оваа болест бидејќи самиот страдал од неа. Човечката мрежница содржи три типа клетки што впиваат светлина во различни делови од спектарот. Отсуството на овие типови предизвикува далтонизам за црвена, зелена и сина боја. Далтонизам е рецесивна одлика поврзана со полот, која е 20 пати повообичаена кај мажите отколку кај жените.

Наводи

Категорија:Очни болести Категорија:Вид Категорија:Наследни болести Категорија:Бои