мини|Триумфната порта со Ингрид Бергман (1948) Триумфалната порта (англиски: Arch of Triumph) - британски филм од 1948 година, во режија на Луис Мајлстоун (Lewis Milestone), кој и автор на сценариото, заедно со Хари Браун. Главните улоги ги толкуваат: Ингрид Бергман (Ingrid Bergman), Чарл Боер (Charles Boyer) и Чарлс Лафтон (Charles Laughton). Филмот е снимен според истоимениот роман на Ерих Марија Ремарк од 1945 година.HRT (пристапено на 1.4.2019)

Синопсис Непосредно пред Втората светска војна, Париз е полн со илегални бегалци кои се обидуваат да ја избегнат депортацијата. Еден од нив е д-р Равик (го игра Боер), кој под лажно име (д-р Војчек) работи илегално како лекар, помагајќи им на другите бегалци. Тој ја спасува Жоан Маду (ја игра Бергман), која се обидува да изврши самоубиство по смртта на љубовникот. Равик и Маду се зближуваат и заедно одат на Француската ривиера. Таа му изјавува љубов, но Равик ѝ кажува дека е бегалец кој илегално престојува во Франција, под постојана закана да биде откриен. Еднаш, на улицата, се случува несреќа, а Равик ѝ помага на повредената жена. Тогаш доаѓа полицијата, а тој е затворен поради илегалниот престој. Додека тој лежи во затворот, Маду се зближува со друг маж. Подоцна, таа и Равик се среќаваат повторно, но тој е незадоволен од нејзината постапка и раскинува со неа. Еден ден, тој добива итен повик од партнерот на Маду, кој случајно ја ранил. Равик се јавува во една болница и лично ја оперира теко повредената Маду.

Наводи

Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови со Чарлс Боер Категорија:Филмови со Ингрид Бергман Категорија:Филмови на Луис Мајлстоун Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови од 1948 година Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови од 1947 година