Во производството на енергија во Грција доминира Државната енергетска корпорација (позната под акронимот ΔΕΗ или на англиски јазик DEI). Во 2009 година, ДЕК обезбедила 85,6% од целата побарувачка за електрична енергија во Грција, додека овој процент паднал на 77,3% во 2010 година. Речиси половина (48%) од моќноста на ДЕК се генерира користејќи лигнит.
12% од електричната енергија на Грција доаѓа од хидроцентралите, а уште 20% од природниот гас. Помеѓу 2009 и 2010 година, производството на енергија на независните компании се зголемило за 56%, од 2.709 гигават часови во 2009 година на 4.232 во 2010 година.
Во согласност со Директивата на Европската комисија за обновлива енергија, Грција има за цел да добие 18% од вкупната енергија од обновливи извори до 2020 година. Во 2015 година, според независниот оператор за пренос на енергија во Грција (ΑΔΜΗΕ), повеќе од 20% од електричната енергија во Грција е произведена од обновливи извори на енергија и хидроелектрични централи. Овој процент во април достигнал 50%. Истиот тренд бил случај и за 2016 година.
Придонесот во бруто финалната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 24,5% во 2016 година, додека хидроелектричната енергија претставувала околу 25% со инсталиран капацитет. Според грчкиот оператор на пазарот на електрична енергија (LAGIE), вкупниот инсталиран капацитет во грчкиот меѓусебно поврзан систем на крајот на 2016 година изнесувал речиси 16.615 мегавати, вклучувајќи 3,912 мегавати лигнит, 4.658 мегавати природен гас, 3.173 мегавати голема хидроцентрала и 4.873 мегавати обновливи извори на енергија.
Грција во моментов нема никакви атомски централи во функција, но во 2009 година Академијата во Атина предложиla да се започне истражување за можноста развој на грчките атомски централи. Tables Енергија во ГрцијаIEA Key World Energy Statistics Statistics 2015 , 2014 (2012R as in November 2015 + 2012 as in March 2014 is comparable to previous years statistical calculation criteria, 2013 , 2012 , 2011 , 2010 , 2009 , 2006 IEA October, crude oil p.11, coal p. 13 gas p. 15 Capita Дом. енергија Производство Увоз Електрична енергија CO2-емисија Милиони TWh TWh TWh TWh Mt 2004 11.06 354 120 284 57.0 93.9 2007 11.19 374 141 284 63.0 97.8 2008 11.24 354 115 293 64.3 93.4 2009 11.28 342 117 258 62.5 90.2 2012 11.31 311 112 228 59.8 83.6 2012R 11.09 309 121 226 61.1 77.5 2013 11.03 272 108 188 55.1 68.9 2004-09 2.0% -3.4% -2.0% -9.1% 9.8% -3.9% Mtoe = 11.63 TWh . Дом. енергија вклучува енергетски загуби 2012R = CO2 критериумите за пресметка се промениле, ажурирани се податоците Фосилно гориво Нафта и гас
Грција има 10 милиони барели резерви на нафта од 1 јануари 2011 година. Хеленик Петролеум е најголемата нафтена компанија во земјата, по што следи Мотор Оил Хелас. Грчкото производство на нафта изнесува 7.946 барели дневно, додека извозот изнесува 1.863 bbl / d и увезува 496.600 bbl/d.
Во 2011 година, грчката влада го одобрила почетокот на експлоатацијата и дупчењето на нафта на три локации во Грција, со проценето производство од 250 до 300 милиони барели во текот на следните 15 до 20 години. Проценетиот износ во евра од трите депозити изнесува 25 милијарди евра во период од 15 години, од кои 13 до 14 милијарди евра ќе влезат во државна каса. Спорот на Грција со Турција во Егејското Море претставува значителна пречка за истражување на нафта во Егејското Море.
Освен тоа, Грција исто така ќе започне истражување на нафта и гас на други локации во Јонското Море, како и во Либиското Море, во рамките на грчката ексклузивна економска зона, јужно од Крит. Министерството за животна средина, енергија и климатски промени објавило дека има интерес од различни земји (вклучувајќи ги Норвешка и САД) за истражување, и првите резултати во врска со количината на нафта и гас на овие локации се очекувале во лето 2012.
Голем број нафтоводи и гасоводи се во фаза на изградба или планирани во земјата. Ваквите проекти ги вклучуваат гасоводот Интерконектор Турција-Грција-Италија и гасовод Јужен тек.
Нафтоводот Турција-Грција е 296 километри долг нафтовод, кој ги поврзува турски и грчки гасни мрежи завршени во септември 2007 година.
Јаглен
Рудникот Мегалополи е голем рудник за јаглен во сопственост на Јавното претпријатие за енергетика на Грција. Најголемиот лигнит и рудник за јаглен во Грција се наоѓаат во областа на Западна Македонија, а особено во Птолемаида.
Ветер ЕУ и Грција - капацитет за ветерна енергија(MW) Земја 2017 2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003 2002 2001 2000 1999 1998 ЕУ 168,729 153,730 141,726 129,060 117,383 105,696 93,957 84,074 74,767 64,712 56,517 48,069 40,511 34,383 28,599 23,159 17,315 12,887 9,678 6,453Грција 2,651 2,374 2,135 1,980 1,865 1,749 1,629 1,208 1,087 985 871 746 573 473 383 297 272 189 112 39
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Енергетика на Грција