Хутово Блато – резерват на природата и птичји резерват во Босна и Херцеговина. Првенствено се состои од мочуришта создадени од системот подземни води на реката Крупа. Се напојува од варовничкиот масив Острво кој ги дели Деранско и Свитавско Езеро.
Резерватот се наоѓа на списокот на важни птичји подрачја на „Бердлајф интернешенел“. Тој е најголемиот резерват од ваков вид во регионот, како во големина така и во разновидност. Дом е на повеќе од 240 вида преселнти птици и десетици со постојан дом во субмедитеранското моклишка околина на Деранско Езеро. Во сезона на преселба, десетици илјади птици го полнат езерото и неговата околина.
Моклиште 200px|мини|лево|Реката Крупа во Националниот парк Хутово Благо, Босна и Херцеговина. Долината долж последните 30 километри од реката Неретва, како и самата река, содржат извонреден предел. Низводно од вливот на нејзините притоки, реките Требижат и Брегава, долината се шири во алувијален стожец кој покрива 20.000 хектари. Горната долина, која опфаќа 7.411 хектари, во Босна и Херцеговина, се вика Хутово Блато.
Рамсарска локација Делтата на Неретва била признаена за рамсарска локација во 1992 година, а Хутовото Блато во 2001. Двете подрачја формираат интегрална рамсарска локација која е природен ентитет поделен со државна граница.
Важна програма за птичјите подрачја, која ја води Бердлајф интернешенел, ги покрива заштитените подрачја во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Национален парк Хутово Блато 200px|мини|лево|Парк на природата „Хутово Блато“ Од 1995 година, Хутово Блато е заштитено како Парк на природата Хутово БлатоHutovo Blato Nature Park и истото е во надлежност на јавно претпријатие. Целото подрачје е добро заштитено од човечкото влијание и функционира како важно живеалиште за многу билки и животни. Историското место Стара тврдина Хутово Блато се наоѓа во подрачјето на паркот на природата.
Паркот на природата "Хутово Блато" се наоѓа во југозападниот дел на Босна и Херцеговина, 30 км од градот Мостар и блиску до хрватската граница. Се протега на површина од околу 7.411 хектари и претставува еден од најбогатите моклишки резервати во Европа. До 1995 година, кога била основано кантоналното заштитено подрачје, Хутово Блато било познато главно по ловниот и риболовниот туризам. Секоја зима над 200 вида птици го наоѓаат своето засолниште во оваа недопрена природа.
Посетителите може да уживаат во одмор, рекреативни активности во природата, спортски риболов, велосипедизам и главната туристичка атракција - фото сафари. 200px|мини|десно|Мочуриштето Хутово Блато
Горно Блато – Деранско Езеро
Тоа е делот од паркот кој го задржал својот изворен облик и скоро недопрена природа.
Горно Блато – Деранско Езеро се напојува од карстни водни извори од реката Требишница, која извира во близина на околните ридишта. Таа хидрогеолошки е поврзана со реката Неретва преку реката Крупа во која таа се влева, формирана од 5 езера (Шкрка, Дерања, Јелим, Орах, Дријен) и од големи делови кои се постојано поплавени, исто така изолирани со широки површини со дрвја и трски, па претставува најинтересното заштитено подрачје.
Долно Блато – Свитавско Езеро
200px|мини|десно|Долно Блато – Свитавско Езеро
Река Крупа
Реката Крупа е лева притока на Неретва и главен воден тек на Хутово Блато, кој ги води водите од Деранско и Свитавско Езеро во реката Неретва. Крупа е долга 9 km со просечна длабочина од 5 метри. Крупа нема извор, туку се излева од Деранското Езеро. Исто така, Крупа е единствена река во Европа, бидејќи таа тече во двете насоки. Таа тече „нормално“ од „изворот“ кон устието и обратно, од устието кон „изворот“. Тоа се случува, заради нивото на водата и големата количина вода, Неретва ја „турка“ Крупа во спротивна насока. 150px|мини|десно|Реката Крупа
Птичарење Список на регистрирани видови на 13 април 2001:
Tachybaptus ruficollis (мал нуркач или шутка) Podiceps cristatus (кокаљка или голем нуркач) Phalacrocorax carbo (голем корморан) Microcarbo pygmeus (мал корморан или ачко) Egretta garzetta (мала бела чапја) Ardea cinerea (сива чапја) Ardea purpurea (црвена чапја) Anas strepera (сива патка или брешка) Anas platyrhynchos (дива патка) Anas querquedula (патка крецка) Circaetus gallicus (орел-змијар) Circus aeruginosus (блатна еја или блатен жабар) Buteo buteo (јастреб глувчар) Fulica atra (лиска) Philomachus pugnax (бојник) Tringa glareola (шумска тринга) Larus ridibundus (езерски галеб) Larus cachinnans (син галеб) Apus melba (голема пиштарка) Hirundo rustica (селска ластовичка) Motacilla alba (бела тресиопашка) Luscinia megarhynchos (славеј) Cettia cetti (свиларче) Sylvia cantillans (црвеногушесто грмушарче) Sylvia atricapilla (црноглаво грмушарче) Aegithalos caudatus (долгоопашеста сипка) Remiz pendulinus (сипка торбарка) Corvus cornix (сива врана) Passer domesticus (градско врапче) Fringilla coelebs (обична ѕвинкалка или снегар) Serinus serinus (обично жолтарче) Emberiza cirlus (црногрла стрнарка) Miliaria calandra (голема стрнарка)
Поврзано Неретва Крупа Чапљина Мостар
Наводи
Надворешни врски
Hutovo Blato Nature Park Commission for Preservation of National Monuments of Bosnia and Herzegovina Krupa river & Hutovo Blato – NAP – Network of Adriatic Parks NGO for Environment protection ZELENI-NERETVA Konjic WWF Panda – Living Neretva Conference Proceedings of the 2009 Adriatic Flyway Conference on bird conservation REC Transboundary Cooperation Through the Management of Shared Natural Resources INWEB Internationally Shared Surface Water Bodies in the Balkan Region Narenta Wine route Herzegovina Čapljina municipality Neretva.org Open Project
Категорија:Национални паркови во Босна и Херцеговина Категорија:Важни птичји подрачја во Босна и Херцеговина Категорија:Рамсарски локации Категорија:Заштитени подрачја во Босна и Херцеговина Категорија:Езера во Босна и Херцеговина Категорија:Неретвански басен