Сува Гора или Сува Планина () — планина во Мала Преспа, југоисточна Албанија со мал крак во околината на Љубаништа и Свети Наум во Охридско, југозападна Македонија и дел во Долна Преспа, Егејска Македонија. Висока е 2.288 м и претставува јужно продолжение на Галичица. Се граничи со Преспанското Езеро на исток, Охридското Езеро на северозапад и гледа кон градот Поградец на запад. Се протега во должина од 25 км во правец север-југ, а широка е 8 км во средишниот дел. Највиско место на планината е Вир (), на нешто поголема височина од врвот на самата Галичица во потесна смисла. Од овој врв се гледаат неколку планини во Албанија, Охридското и Преспанското Езеро, како и планината Баба на Пелистер (2.601 м) — трета по висина во Македонија.

Планината има антиклинален облик и е речиси целосно сочинета од мезозојски варовнички образби."Fjalori Enciklopedik Shqiptar", Akademia e Shkencave e RPSSH, Tiranë, 1985 стр. 664 Падините се карпести и каменливи (особено од западната страна), додека пак билото е речиси рамно, но полно со карстни шуплини.

Сртови Планината има неколку сртови со одделно име кои се вон нејзиниот средиштен дел: Дева (1.373 м), Калуѓер (1.480 м), Слива (1.414 м) и Цуцул (1.455 м).

Планинарење Планината најдобро се искачува од страната на Поградец, почнувајќи од селото Аларуп, преку с. Грабовица па на исток до селата Блаце и Братомир.

Растителност и ресурси Растителноста на Сува Гора претежно се состои од пасишта, додека источната страна кон Пустец е обрасната со буково-дабови шуми и честак.

Кај селото Горна Горица почвата е богата со железната руда боксит и наоѓалишта на креда.

Историски настани Во Албанската буна од 1911 г. на Сува Гора се одвивале борби, во кои влашката чета на војводата Спиро Белкамени го поразила отоманскиот контингент.

Поврзано Галичица Иван Планина Мала Преспа Општина Пустец Поградец Национален парк Преспа Маличко Езеро

Наводи

Надворешни врски Планинарски информации за Сува Гора (Мали и Тат) — Summitpost Преспа — репортажа за Сува Гора и околината во Мала Преспа од Фатос Баџаку. Весник „Македониум“

Категорија:Планини во Албанија Категорија:Планини во Македонија Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Галичица Категорија:Преспа Категорија:Пустец Категорија:Поградец Категорија:Преспа (општина)