мини|566x566px|

|алт= Русија е поделена на дванаесет економски региони ()—групи на федерални субјекти кои ги споделуваат следните одлики:

Заеднички економски и социјални цели, како и учество во програми за развој; Релативно слични економски услови и потенцијал; Слични климатски, еколошки, и геолошки услови; Слични методи на техничка инспекција на нови градби; Слични методи за спроведување на царински надзор; Слични услови за живеење на населението.

Еден федерален субјект не може да припаѓа на повеќе од еден економски регион.

Економските региони исто така се групирани во економски зони (наречени „макрозони“). Економски регион или негови делови можат да припаѓаат на повеќе од една економска зона.

Основањето и укинувањето на економските региони и економските зони или какви било промени во нивниот состав се во ингеренција на федералната влада на Русија.

Оваа поделба на економски региони е различна од поделбата на федералните окрузи—првата е направена само за економски и статистички цели, додека втората постои само како алатка за да се почитуваат федералните закони на територијата на земјата.

Список и состав на економските региони Следното е список и составРуска класификација на економски региони (ОК 024-95) како што е изменет со #5-2001 на економски региони, подредени по население.

Централен ()

Брјанска област Ивановска област Калушка област Костромска област Федерален град Москва Московска област Орловска област Рјазањска област Смоленска област Тулска област Тверска област Владимирска област Јарославска област

Уралски ()

Република Башкортостан Чељабинска област Курганска област Оренбуршка област Пермски крај Свердловска област Република Удмуртија

Северно-Кавказиски ()

Република Адигеја Република Чеченија Република Крим Република Дагестан Република Ингушетија Република Кабардино-Балкарија Република Карачаево-Черкесија Краснодарски крај Република Северна Осетија-Аланија Ростовска област Севастопол Ставрополски крај

Волга () традиционалното име на регионот значи „регионот на реката Волга“

Астрахањска област Република Калмикија Пензенска област Самарска област Саратовска област Република Татарстан Уљјановска област Волгоградска област

Западно-Сибирски ()

Алтајски крај Република Алтај Кемеровска област Ханти-мансиски автономен округ Новосибирска област Омска област Томска област Тјумењска област Јамало-ненецки автономен округ

Источно-Сибирски ()

Република Бурјатија Иркутска област Република Хакасија Краснојарски крај Република Тува Забајкалски крај

Волго-Вјатски ()

Република Чувашија Кировска област Република Мариј Ел Република Мордовија Нижегородска област

Северозападен ()

Ленинградска област Новгородска област Псковска област Федерален град Санкт Петербург

Централно-Черноземски ()

Белгородска област Курска област Липецка област Тамбовска област Воронешка област

Далечноисточен ()

Амурска област Чукотски автономен округ Еврејска автономна област Камчатски Карј Хабаровски крај Магаданска област Приморски крај Јакутија Сахалинска област

Северен ()

Архангелска област Република Карелија Република Коми Мурманска област Ненецки автономен округ Вологодска област

Калининградски ()

Калининградска Oбласт

Поврзано

Список на економски зони и макрозони на Русија

Наводи

Категорија:Економија на Русија