мини|Рикардо Гарднер Рикардо Гарднер (роден на 25 септември 1978 година во Сент Ендрју) — јамајкански поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Технички одлики Кариерата ја започнал како лево крило. Во сезоната 2003-2004 менаџерот на , Сем Алардајс, го преместил на позицијата лев бек и останал на таа позиција сè до крајот на својата кариера.
Клупска кариера Гарднер ја започнал својата кариера во екипата на Харбур Бју, во својата родна Јамајка, за која дебитирал на возраст од само 14 години. Во 1998 година тој бил избран во составот на репрезентацијата на Јамајка за Светското првенство 1998, каде со својте настапи го свртел вниманието на англискиот клуб кој во тоа време се натпреварувал во Првата дивизија (втора лига по ранг), и со кој на крајот и потпишал договор откако тие му понудиле на Харбур Вју 1 милион фунти за неговите услуги.
Откако го комплетирал својот трансфер во Болтон, Гарднер го направил своето деби за клубот на 25 август 1998 влегувајќи како замена во натпревар од Лига купот против . Своето деби во лигашки натпревар го имал на 8 септември 1998 против ; во тој натпревар, Болтон бил во намален состав со 10 играчи на теренот по црвениот картон на Гудни Бергсон што се случил малку по влегувањето во игра на Гарднер, за во последните мигови од натпреварот токму тој да го постигне победничкиот гол за Вондерерс во незаборавна победа над Вест Бромвич Албион со 3–2.
Гарднер бил стандарден првотимец во Болтон во својте први две сезони сè до повредата на вкрстениот лигамент кон крајот на сезоната 1999-2000 поради која морал да го пропушти крајот на оваа сезона и дури почетокот на следната. Во сезоната 2000-2001 по оправувањето од повредата Гарднер повторно се вратил во почетниот состав на Вондрерс и одиграл одлична сезона. Болтон изборил промоција во Премиер лигата преку плејофот на Првата дивизија во кој во финалето биле подобри од со 3-0, а Гарднер го постигнал третиот гол за Вондерерс.
Во сезоната 2001-2002 Гарднер го направил своето деби во Премиер лигата уште во првиот натпревар на Болтон за сезоната, изненадувачката победа со 5-0 на гостувањето кај . Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал на 2 февруари 2002 во поразот со 3-2 на гостувањето кај , а само една недела подоцна го постигнал единствениот погодок во победата над со 1-0 на Рибок. Својата прва сезона во највиското ниво на англискиот фудбал ја завршил со 31 настап и 3 постигнати гола.
За време на сезоната 2003-2004, менаџерот на Болтон Сем Алардајс решил да ја промени позицијата на која играл Гарднер, враќајќи го поназад од лево крило на лев бек. Како резултат на тоа јамајканецот ја одиграл својата прва сезона во дресот на Болтон во која неуспеал да постигне ниту еден погодок. Сепак, и покрај тоа тој останал да игра на таа позиција до крајот на својата на кариера. Во ноември 2007, по пауза од речиси пет години Гарднер повтрорно постигнал гол, отворајќи го резултатот во натпреварот против на Алијанц Арена што завршил 2-2 во групната фаза од Купот на УЕФА.
На 8 март 2011, Гарднер бил позајмен на еден месец на . Менаџерот на Болтон Овен Којл изјавил дека тоа ќе биде одлична можност за Рикардо да ја подобри својата физичка подготовка откако неодамна се опоравил од повреда. Веќе следниот ден тој дебитирал за Престон играјќи 86 минути на позицијата лев бек во поразот со 2-1 од . Тој одиграл вкупно 4 натпрвари за Престон пред да се врати во Болтон во април 2011.
На 27 април 2011, Гарндер го одиграл својот 400-ти натпревар за Болтон во кариерата, во поразот со 3-0 од на Крејвен Котиџ. На 5 август 2011, потпишал продолжување на договорот со Болтон за уште една сезона. Тој одиграл четири натпревари во сезоната 2011-2012, но бил исклучен поради добивање на два жолти картони во натпреварот против а потоа и се повредил поради што не настапил повеќе ниту еднаш до крајот на сезоната. Во мај 2012 било објавено дека договорот на Рикардо со Болтон ќе истече на крајот на сезоната и двете страни нема да ја продолжат соработката.
По истекот на неговиот договор со Болтон, Гарднер тренирал со неколку клубови како и , но решил да ја напушти Англија и да се пресели во МЛС лигата.http://www.theboltonnews.co.uk/news/10422048.Ricardo_Gardner_thanks_everyone_for_the_great_Bolton_memories/ После не успешната проба во и не потпишувањето на договор со клубот, тој го објавил своето повлекување во 2014 година.http://rjrnewsonline.com/sports/ricardo-bibi-gardener-announces-retirement
Репрезентативна кариера Гарднер бил член на репрезентацијата на Јамајка во периодот 1997-2012, и со својте 111 одиграни натпревари во националниот дрес е четврти по бројот на настапи за Јамајка. Своето деби го имал на само 18 години, на 12 февруари 1997 во пријателски натпревар одигран во Кингстон против Венецуела кој завршил 0-0.
Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 1998 во Франција, играјќи во сите три натпревари на својата репрезентација од групата Х. Јамајка била елиминирана уште во фазата по групи забележувајќи два порази од Хрватска и Аргентина и победа над Јапонија.
Гарднер бил еден од најважните играчи на Јамајка и во целата следна декада, носејќи ја и капитенската лента во периодот 2005-2009 година. Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл на 12 декември 2012, во поразот со 1-0 од Куба на Карипскиот куп 2012.
Тренерска кариера Во декември 2015, Гарднер бил назначен за селектор на репрезентацијата на Јамајка под 20 години. Потоа тој ја водел и екипата на Харбур Вју каде што ја започнал својата играчка кариера сè до декември 2018, кога бил отпуштен.http://jamaica-gleaner.com/article/sports/20181211/bibi-says-bye-gardner-resigns-harbour-view-head-coach
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 8 април 2019.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1998-1999 ПД 30+3Во Плејофот за промоција во Премиер лигата. 2 ФАКуп+ЛК 1+3 0+1 - - - - - - 37 31999-2000 ПД 29 5 ФАКуп+ЛК 4+9 0+1 - - - - - - 42 62000-2001 ПД 32+3 3+2 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 37 52001-2002 ПЛ 31 3 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 34 32002-2003 ПЛ 32 2 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 32 22003-2004 ПЛ 22 0 ФАКуп+ЛК 0+4 0 - - - - - - 26 0 2004-2005 ПЛ 33 0 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - - - - 38 02005-2006 ПЛ 30 0 ФАКуп+ЛК 4+3 0 КУ 7 0 - - - 44 02006-2007 ПЛ 18 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 21 02007-2008 ПЛ 26 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 КУ 4 1 - - - 30 12008-2009 ПЛ 29 4 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 31 42009-2010 ПЛ 21 1 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 26 12010-2011 ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 6 0март - апр. 2011 ЧЛ 4 0 - - - - - - - - - 4 02011-2012 ПЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 6 0Вкупно Болтон Вондерерс 348 22 51 2 11 1 410 25Вкупно во кариерата 352 22 51 2 11 1 414 25
Репрезентативна статистика
Фудбалска репрезентација на ЈамајкаГод.НастГол1997 24 31998 19 01999 9 02000 5 02001 11 22002 1 02003 10 02004 9 02005 1 02006 0 02007 4 22008 12 22009 3 02010 0 02011 0 02012 3 0Вкупно 111 9
Титули и награди Карипски куп (1) : 1998 Плејоф на Првата дивизија на Англија (1) : 2001 Фудбалер на годината на ФК Болтон Вондерерс (1) : 2006
Наводи
Надворешни врски Рикардо Гарднер на soccerway Рикардо Гарднер на transfermarkt Рикардо Гарднер на espn Рикардо Гарднер на whoscored
Категорија:Јамајски фудбалери Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери на ФК Болтон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Престон Норт Енд Категорија:Фудбалери од Премиер Лига