Златко Славенски (, - , ) — македонски режисер и драматург и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје по предметот театарска режија.ФДУ-Наставен кадар
Животопис Славенски е роден во Скопје во 1966 година. Во родниот град каде завршил основно и средно образование. Во 1986 година, тој се запишал на редовни студии на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Во потрага по задоволување на својата потреба да се занимава со режија, во 1988 година ги прекинал студиите и отишол во Обединетото Кралство, каде во Лондон се запишал на студии по филмска режија на Лондонската меѓународна филмска школа.
Поради стопирање на државната стипендија (во почетната фаза на распадот на СФРЈ), во 1990 година, тој го прекинал студирањето во Лондон и се вратил во Македонија, каде истата година се запишал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за интермедијална режија, во класата на проф. Слободан Унковски и проф. Столе Попов, каде дипломирал во 1994 година. Исто така, напоредно, тој продолжил со прекинатите студии од Општа и компаративна книжевност, каде дипломирал во 1993 година.
Во 1997 година, му отпочнала и академската кариера, вработувајќи се на Факултетот за драмски уметности – Скопје како помлад асистент. Во 2016 година бил избран во звање редовен професор. Славенски е режисер на голем број театарски проекти, па сè до денес има реализирано повеќе јавно изведени театарски проекти како што се „Безљубни“, „Сината птица“; „Инфинити“ „Кафкаски круг со креда“, „Соларис“, „Супернова“, „Бесови“, „Визија“, „Времеплов“, „И коњите ги убиваат, зарем не?“, „Побрзи од светлината“, „Спиро Црне“, „Летот на пчела околу една калинка, неколку секунди пред будење“, „Троил и Кресида“, „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „Амадеус“, „Злосторство и казна“, „Пречистување“, „Време за сонување“, „Казабалкан“, „Будење на пролетта“, „Пер Гинт“, „Собрани дела на Вилијам Шекспир“, „Папокот на светот“ и други.
Во текот на својата кариера има добиено голем број награди: награда за најдобра претстава на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за претставата „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, награда на ревијата Екран за најдобра претстава „Амадеус“, награда на весникот Нова Македонија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата Будење на пролетта, награда на весникот Нова Македонија за најдобра претстава на Фестивалот Охридско лето, за претставата Пер Гинт и многу други.
Автор е на книгата „0,1 – Краток вовед во бесконечноста“.
Наводи
Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски писатели Категорија:Професори на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје