Михаил Александрович Бакунин (; 30 мај 1814 – 1 јули 1876) — прочуен револуционер и еден од „татковците“ на современиот анархизам.
Рани години Михаил Александрович Бакунин е роден во 1814 во аристократско семејство во селото Прјамухино помеѓу Торжок и Кувшиново, во Тверската губернија, северозападно од Москва. На возраст од 14 години оди во Петроград, каде што се здобива со воена обука при Универзитетот за артилерија. Ги завршува студиите во 1832 година, а во 1834 е назначен за помлад офицер во Руската Царска Гарда и бил испратен во Минск и Гардинас во Литванија (денес Белорусија). Тоа лето, Бакунин се најде во семејна расправија, каде што ја зазема страната на сестра си, која се бунтува поради несреќниот брак. И покрај желбите на татка си да продолжи во воената или цивилната служба, Бакунин оди во Москва со надеж дека ќе студира филозофија.
Интерес за филозофијата
Во Москва, Бакунин брзо се стекнува со пријатели кои се поранешни универзитетски студенти и се ангажира во систематска студија за идеалистичката филозофија, групирана околу поетот Николај Станкевич,. Филозофијата на Имануел Кант од почетокот зазема централно место во нивните студии, потоа следел Шелинг, Фихте и Хегел. Во есента 1835, Бакунин започна со формирање на филозофски кружок во неговиот роден град Прјамухино. Во 1836, Бакунин се враќа во Москва, каде што објавува преводи од Фихте како Some Lectures Concerning the Scholar's Vocation и The Way to a Blessed Life, која патем стана негова омилена книга. Со Станкевич тој исто така го чита Гете, Шилер, Жан Пол и Хофман.
Тој имаше големо влијание од Хегел. За време на овој период тој се запознава со социјалистите Александар Херцен и Николај Огарев, како и славофилите Константин Аксаков и Петар Чадаев. Во овој период тој почнува да ги развива своите пансловенски погледи.
Студирање во Германија
По долги расправии со својот татко, Бакунин оди во Берлин во 1840 година и ги слуша предавањата на Фридрих Вилхелм Јозеф фон Шелинг. Неговиот тогашен план беше да стане универзитетски професор („свештеник на вистината“, според него), но тој набрзо им се придружи на радикални студенти на таканаречената “хегелијанска левица”, со што се придружи и на социјалистичкото движење во Берлин.
По три семестри изминати во Берлин Бакунин оди во Дрезден каде се спријателува со Арнолд Руге. Тука го чита делото Der Sozialismus und Kommunismus des heutigen Frankreich на Лоренц фон Штајн со што ја разгорува страста за социјализмот. Тој ги напушта своите интереси во академската кариера, посветувајќи се повеќе време на промовирање на револуција. Руската влада, која станува свесна за неговиот радикализам, му наредува да се врати во Русија. По неговото одбивање, неговата сопственост била конфискувана. Тој отишол со Георг Хервег во Цирих, Швајцарија.
Швајцарија, Брисел и Париз
За време на шест-месечниот престој во Цирих, се поврзува со германскиот комунист Вилхелм Вајтлинг. Сè до 1848 тој остана во добри односи со германските комунисти, повремено нарекувајќи се себеси комунист и пишувајќи статии за комунизмот во Schweitzerische Republikaner. Се пресели во Женева кратко по апсењето на Вајтлинг. Неговото име често се споменувало во материјалите на Вајтлинг кои беа запленети од полицијата. Овие извештаи стигнаа до царската полиција. Рускиот амбасадор во Берн, му нареди на Бакунин да се врати во Русија, но наместо тоа тој отиде во Брисел, каде запозна многу водечки полски националисти, како Јоаким Лелевел. Тој се судри со нив за нивното барање за историска Полска со границите од 1776, тој го бранел правото за автономија на не-Полјаците во истите територии. Тој исто така не го поддржувал нивниот клерикализам, а пак тие не ги поддржуваа неговите повици за еманципација на селанството.
Во 1844 Бакунин оди во Париз, во тоа време центар на европскиот радикализам. Тој остварува контакти со Карл Маркс и со анархистот Пјер Жозеф Прудон, кој го импресионира многу.
Во декември 1844, царот Николај I потпишува декрет за укинување на привилегиите на Бакунин како благородник, забранувајќи му ги граѓанските права, конфискувајќи ја неговата земја во Русија и прогонувајќи го во доживотно прогонство во Сибир, ако го фатат. Тој реплицира со долго писмо во La Réforme, каде го нарекува царот деспот и бара демократија во Русија и Полска. Во март 1846 во друго писмо во the Constitutionel ја брани Полска, следејќи ги репресиите од католиците таму. Некои полски бегалци од Краков, по поразот од востанието таму, го поканија да зборува на состанокот во ноември 1847 по повод полското востание од 1830 година. Во неговиот говор Бакунин повикува за сојузништво помеѓу полскиот и рускиот народ против царот. Како резултат на сето тоа, тој бил избркан од Франција, по што повторно отиде во Брисел.
Панславизам и револуцијата
Обидот на Бакунин да ги вовлече Александар Херцен и Висарион Белински во заговорничка акција за револуција во Русија беше неуспешен. Во Брисел, Бакунин ги обнови контактите со револуционерните Полјаци и со Карл Маркс. Тој одржа говор на состанок организиран од Лелевел во февруари 1848 за големата иднина на Словените. Во меѓувреме руската амбасада пушта гласини дека Бакунин е руски агент. Како што револуционерното движење избиваше на површина, Бакунин е екстатичен, и покрај разочарувањето од фактот дека малку работи се случуваат во Русија. Бакунин обезбеди средства од социјалисти како Фердинанд Флокон, Луј Блан, Александар Огуст Ледри Ролан и Алберт Ловриер, за проект за Словенска федерација и ослободување на оние кои беа под пруска, австроунгарска и турска власт. Тој ја напушта Германија патувајќи преку Баден до Франкфурт и Келн. Тој ја поддржа Германската Демократска Легија предводена од Хервег. Тој ги влоши односите со Маркс, поради последната критика на Маркс за Хервег. Многу подоцна, во 1871, Бакунин ќе запише: Тој отиде во Берлин, но беше спречен од полицијата да оди во Посен, дел од Полска кој беше окупиран од Прусија, каде што се будеше националната свест на народот таму. Така Бакунин отиде во Лајпциг и Бреслав, потоа во Прага каде зема учество во Првиот пансловенски конгрес. Тој се врати во Бреслав, каде Маркс го реобјави тврдењето дека Бакунин е царски агент, тврдејќи дека Жорж Санд имал доказ. Маркс ја повлекува изјавата по одбраната на Жорж Санд на Бакунин.
Бакунин го објавува неговиот Апел до Словените есента 1848, каде предлага на обединување на револуционерите Словени со Унгарците, Италијанците и Германците со цел да ги отфрлат трите главни автократии во Европа како Руската Империја, Австроунгарското Царство и Кралството Прусија.
Бакунин одигра важна улога во Мајското востание во Дрезден 1849 година, помагајќи да се организира одбраната на барикадите од пруските војски, заедно со Рихард Вагнер и Вилхелм Хајне. Го заробија во Хемниц и го држеа тринаесет месеци пред да биде осуден на смрт од страна на властите во Саксонија. Бидејќи беше баран и од властите на Австрија и Русија, пресудата се смени во доживотен затвор. Во јуни 1850, го предаваат на властите од Австрија. Единаесет месеци подоцна, тој повторно е осуден на смртна казна и повторно казната се менува во доживотен затвор. Конечно во мај 1851, Бакунин е предаден на властите во Русија.
Затвор, признание и егзил
Бакунин е однесен во тврдината Св. Петар и Св. Павле. Беше посетен од страна на грофот Орлов, емисар на царот, кој му предлага да напише изјава која ќе го стави Бакунин, како духовно така и физички, во рацете на Руската држава. Бакунин му пишува на царот:
Читајќи го писмото царот Николај I забележува:Ова признание е прилично контраверзно. Постојат и поинакви толкувања на истото. По три години во занданите на тврдината Св. Петар и Св. Павле, тој поминува уште четири години во замокот Слиселбург. Тука, тој пати од болест на забите кои му паѓаат како резултат на исхраната. Тој подоцна вели дека нашол одредено олеснување од ментална гледна точка во легендата за Прометеј. Ужасните услови во кои се наоѓа, како и долгото време поминато во затвор, имплицираат да тој побара од брат му да го снабди со отров. По смртта на Николај I, новиот цар Александар II лично го брише од листата за амнестија. Во февруари 1857, неговата мајка молејќи го царот успева да го прогонат во перманентен егзил, во сибирскиот град Томск.
Животот во Сибир
За речиси неполна година по пристигнувањето во Томск, Бакунин се жени со Антонија Квијатковска, ќерка на полски трговец. Во август 1858 Бакунин е посетен од негов втор братучед, грофот Николај Муравјов-Амурски, кој е гувернер на Источен Сибир десетина години. Муравјов бил либерал, а Бакунин како негов роднина му станал омилен. Во пролетта 1859, Муравјов му помага на Бакунин за работа која ќе му овозможи на Бакунин да се пресели со сопругата во Иркутск, главен административен и културен центар на Источен Сибир во тоа време.
Тоа му овозможува на Бакунин да биде дел од круг на луѓе чии политички дискусии се позиционирани во колонијалниот штаб на Муравјов. Негодувајќи од третманот на Петроград спрема колонијата, која се користи како отпад за бунтовници од страна на бирократите во Петроград, се појави предлог за Соединети Држави на Сибир, независни од Русија, како примерот со Соединетите Американски Држави. Во тој круг на луѓе беа: Кукел кој е шеф на персоналот на Муравјов, инаку поврзан со Петар Кропоткин и кој ги има сите дела на Александар Херцен, потоа цивилниот гувернер Изволски, заменикот и можен наследник на Муравјов генералот Александар Додуков-Корсаков. Кога Херцен го критикува Муравјов во The Bell, Бакунин ревносно го брани Муравјов.
Благодарение на влијанието на Муравјов, Бакунин заработуваше 2000 рубљи годишно без да работи нешто конкретно. Сепак, Муравјов беше присилен да се повлече од позицијата како генерален гувернер, делумно поради неговите либерални погледи, делумно поради стравувањата на Петроград дека тој може да му донесе независност на Сибир. Така на таа позиција доаѓа Корсаков, кој на Бакунин му дава писмо за да може да патува на било кој брод на реката Амур под услов да се врати кога ќе пристигне мразот.
Бегство од егзил и враќање во Европа преку Јапонија и Америка
На 5 јуни 1861, Бакунин го напушти Иркутск како сибирски трговец кој патува до Николаевск. Веќе на 17 јули тој се наоѓа на рускиот воен брод Стерлок, а на пристаништето Олга, Бакунин ќе успее да го убеди американскиот капетан на бродот SS Vickery да го качи на бродот. На 6 август тој се наоѓа во Хакодате на јапонскиот остров Хокаидо, а потоа оди во Јокохама. Во Јапонија Бакунин се најде со Вилхелм Хајне. Тој исто така се сретна со германскиот ботаничар Филип Франц фон Зиболд кој пак беше инволвиран во отворање на Јапонија кон Европејците, особено кон Русите и Холанѓаните, но беше и пријател на Муравјов.
Тој ја напушта Јапонија од Канагава како еден од деветнаесетмината патници на бродот SS Carrington меѓу кои беа Хајне, П. Ф. Кое и Жозеф Хеко. Хеко изигра многу важна улога осум години подоцна во советување на Кидо Такајоши и Ито Хиробуми за време на отфлањето на феудалниот шогунат Токугава. Тие пристигнаа во Сан Франциско на 15 октомври. Во периодот пред да се изградат транс-континенталните железнички пруги, најбрзиот пат до Њујорк беше преку Панама, по тој пат Бакунин пристигна во Њујорк. Во Бостон тој ја посети Керол Форстер, приврзаник на Лудвик Миерославски за време на револуцијата од 1848 во Париз, а се сретна и со Фридрих Кап кој исто така беше ветеран од таа револуција. Тој потоа отплови за Ливерпул од каде пак продолжи за Лондон за да се види со Херцен.
Враќање кон револуционерниот активизам