Патрик Зискинд (; 26 март 1949, Амбах, Германија) — познат современ германски писател и сценарист.

Животопис Патрик Зискинд е роден на во Амбах, во близина на Минхен, Германија. Студирал средновековна и модерна историја на Универзитетот во Минхен. Зискинд живее и работи во Минхен.”Белешка за авторот и делото”, во: Патрик Зискинд, Парфем, Темплум, Скопје, 2005, стр. 300.

Творештво

Зискинд се појавил на книжевната сцена во 1980 година, со својата прва пиеса „Контрабас“, со која се здобил со меѓународна слава. Во 1985 година го објавил својот прв роман „Парфем“, кој е воедно и негово најпознато дело и светски бестселер. „Парфем“ е преведен на четириесетина јазици и е продаден во повеќе од 12 милиони примероци. Романот е преведен на околу 40 јазици, а македонското издание (во превод на Слободанка Поповска) — објавено во 2005 година, од издавачката куќа “Темплум”. Во 1996 година, „Парфем“ бил прогласен за роман на годината од страна на Њујорк Тајмс. Оваа награда, по Втората светска војна ја имаат добиено само уште два германски автори: Бернхард Шлинк за романот "Читачот" и Лотар-Гинтер Бухајм за романот "Чамецот"."Белешка за авторот и делото", во: Патрик Зискинд, Парфем. Скопје: Темплум, 2005, стр. 300. Зискинд е автор и на книгите „Гулабот“, „Приказна за господинот Зомер“ и „Три приказни и рефлекција“. Зискинд работел и како сценарист, при што, најпознато е неговото соавторство за познатата германска серија „Кир Ројал“.

Наводи

Категорија:Германски писатели Категорија:Живи луѓе