Роберт Музил ( или ); (роден во , на – починат во , на ) — австриски писател со филозофска ориентација. Неговиот незавршен роман Човек без својства () се смета за еден од најважните романи на дваесеттиот век.

Животопис

Музил е роден во Клагенфурт, Карантанија, како син на инженерот Алфред Едлер фон Музил и на Хермине Бергавер. Неговите предци од страната на татко му потекнувале од Моравија, а по мајчината страна потекнувал од Чешка, така што во него има и словенска крв. Неговите предци по мајчината и по татковата страна биле образовани луѓе: лекари, офицери, правници и инженери (како и еден познат ориенталист), припадници на австриското службеничко благородништво. Меѓутоа, меѓу неговите предци имало и епилептичари и жртви на повеќе други непријатни болести. Од нивните биографии се дознава дека повеќе биле бунтовни луѓе поради што некои од нив биле пензионирани или отпуштени од службата, како што е случајот со еден офицер кој на некој хабзбуршки надвојвода отворено му го искажал своето мислење. Кај други, бунтовниот однос бил изразен кон католичката црква, така што преминале кон старокатоличката вера, додека родителите на Роберт Музил биле отворени атеисти и двајцата биле погребани без свештеник. Дури и тој самиот, кога бил дете, одбивал да ја симне капата пред Христовото распетие, што во тоа време претставувало голем грев и израз на непочитување на верата и државата. Тој бил крстен како Роберт Матијас Музил, а неговото официјално име било Роберт Матијас Едлер фон Музил. Во тоа време, градот бил претежно населен со словенечко население, а од дневникот на Музил се гледа дека и тој знаел малку словенечки. Како дете, Роберт Музил бил физички силен и одличен ученик, но со болни нерви, така што уште во третото одделение од основното училиште морал да се лекува и така бил принуден да се отпише од училиштето и образованието да го продолжи во приватно училиште. Од 1892 до 1894 година учел во воениот интернат во Ајзенштат, а потоа во Хранице (Прешевски Округ) (1894-1897). Одлуката да се запише во кадетското училиште била донесена под големо влијание на мајка му, која била многу убава жена, а синот ѝ претставувал пречка во нејзините односи со еден семеен пријател. Тој човек бил постојано во нејзина близина, го придружувал брачниот пар Музил за време на летувањата, па дури и се вселил во нивниот дом, каде живеел до смртта на Хермине. Веројатно, младиот Роберт бил свесен за љубовната врска на мајка му и страдал поради тоа. Доживувањата од школувањата во воените интернати се опишани во неговиот прв роман „Заблудите на питомецот Терлес“. Zoran Konstantinović, „Robert Muzil“, во: Robert Muzil, Tri žene. Izdavačko preduzeće „Rad“, 1969, стр. 78-79.

По дипломирањето, Музил студирал на Техничката воената академија во Виена во текот на есента 1897 година, но потоа се префрлил на Техничкиот универзитет во Брно. За време на студирањето во Брно се запознал со социјалистичките идеи, а исто така, пројавил голем интерес за книжевноста и филозофијата. По дипломирањето, некое време работел како асистент-волонтер на Машинскиот факултет во Штутгарт при што објавил неколку студии за машините и за термодинамичките процеси. Незадоволен од својата инженерска професија, се запишал на докторски студии во Берлин, каде студирал психологија и филозофија, а по две години докторирал со дисертација за филозофијата на Ернст Мах. Потоа, одредено време се бавел со публицистика, но само за да заработи пари, неопходни за животот. Во Берлин ја запознал и Марта, сликарка со еврејско потекло, седум години постара од него, чиј прв маж починал, а од вториот се развела. За да може да се ожени со неа, Музил се вработил како библиотекар во Виена, а по три години дал оставка и станал уредник на списанието „Нова ревија“ (германски: Neue Rundschau). За време на Првата светска војна, служел како резервен офицер на фронтот. Од почетокот на 1920-тите, Музил претежно живеел во Берлин, но, исто така не ги прекинувал и односите со Виена, а во 1933 година се вратил во Австрија. За време на нацизмот, неговите дела биле забранети. Во 1939 година, заедно со својата сопруга, преку Италија заминал во Швајцарија, каде живеел во тешка сиромаштија, иако еден швајцарски пријател му помагал да преживее. Во својот дневник, тој се жали на негостољубивиот прием на Швајцарците за кои запишал дека не забележуваат дека „одамна станал просјак“. Музил починал во 1942 година на возраст од 61 година, а бил погребан на гробиштата во Цирих при што на погребот присуствувале само осуммина најблиски пријатели.Zoran Konstantinović, „Robert Muzil“, во: Robert Muzil, Tri žene. Izdavačko preduzeće „Rad“, 1969, стр. 77-81.

Творештво мини|лево|Портрет на Роберт Музил - Музеј на Музил во Клагенфурт

Првата книга на Роберт Музил е романот „Заблудите на питомецот Терлес“ (германски: Die Verwirrungen des Zöglings Törless) бил објавен во 1906 година. Овој роман е првата уметничка проекција на Фројдовата психоанализа во германската книжевност.Во 1911 година, тој ја објавил збирката со два расказа со тема од брачниот живот, со наслов „Соединенување“ (германски: Vereinigungen), како и есејот „Непристојното и болното во уметноста“ во 1918 година. Во 1924 година ја објавил книгата „Три жени“, а во 1933 година го објавил зборникот на есеи „Заоставнина по животот“ (германски: Nachlass zu Lebenszeiten). Во тоа време, тој веќе работел на романот „Човек без својства“ кој е дно од големите ремек-дела на европската литература на 20 век. Делото претставува мајсторски изградена смеса од роман, есеј, политичка сатира, историска хроника и филозофска расправа и токму поради тоа претставува вистински интелектуален предизвик за секој читател, но исто така и неизбежна лектира за секој сериозен познавач на книжевноста. Музил работел на романот во текот на една деценија, од 1933 до неговата смрт во 1942 година. Првиот том се појавил во 1930 година, а две години подоцна бил објавен и вторито том. Романот е монументален и по обемот на страниците, бидејќи содржи над 1700 страници, но тој продолжил и понатаму да работи на делото, кое останало недовршено, иако дополнителниот материјал од 700 страници бил посмртно објавен во 1943 година, како трет том. Сепак, за време на животот, Музил не бил познат писател поради што се прашувал: „Зра можам да не бидам завидлив како писател? Луѓето ме напуштија, моето оружје е скршено и принуден сум да слушам како им се аплаудира на оние на кои божицата на среќата им била повеќе наклонета: не е ли сето тоа трагично?“Zoran Konstantinović, „Robert Muzil“, во: Robert Muzil, Tri žene. Izdavačko preduzeće „Rad“, 1969, стр. 77-80.

Роберт Музил, во своето севкупно творештво се движи убедливо, длабоко внесувајќи литературни постапки и стилови кои се во една паралелна линија, особено со творештвото на Џемс Џојс. Во неговата мисловна полифонија и невообичаена, оригинална и поединечна сложена метафорична структура, тој го продолжува наследството на Марсел Пруст, со што заедно со Џојс, се всушност основните, фундаментални темели и столбови врз кои ќе се потпри и ќе се изградува целата современа модерна европска и светска литература од почетокот на дваесеттиот век до денес.

Награди

Добитник бил на значајните литературни награди, наградата - Хајнрих фон Клајст во 1923 година, Уметничката награда на градот Виена во 1924 година и наградата Герхарт Хауптман во 1929 година.

Ве негова чест градот Виена ја доделува угледната и афирмирана награда Роберт МузилMan without Qualities..

Библиографија thumb|Григија (1923)

Заблудите на питомецот Терлес, роман, 1906Books By Robert Musil. Придонес кон проценката на учењата на Лехрен Мах (инаугуративна дисертација), 1908 Асоцијации, две приказни, 1911 Патници, раскази, 1921 Григија, новела, 1923 Три жени, раскази, 1924 Човек без својства, роман, 1931/32 - 1942 Имот за време на животот, 1936

Значење и влијание Во едно писмо од 1939 година, испратено до пријателите во Лондон, Томас Ман напишал дека никому од своите современици не може со толкава сигурност да му предвиди посмртна слава како на Роберт Музил. И навистина, дури во 1950-тите, неговото дело го добило заслуженото признание, така што денес тој се смета за најголемиот писател на германски јазик, заедно со Томас Ман и со Франц Кафка. Така, неколку години по неговата смрт, книжевниот критичар на лондонскиот весник „Тајмс“ напишал: „Роберт Музил е најзначајниот романсиер на германски јазик во првата половина на нашиот век, а истовремено и еден од најнепознатите писатели на нашето време.“Zoran Konstantinović, „Robert Muzil“, во: Robert Muzil, Tri žene. Izdavačko preduzeće „Rad“, 1969, стр. 77. Француската писателка Маргерит Дирас го посочува Музил како еден од писателите кои ги „читала со страст“.Margerit Diras, Stvarni život. Sarajevo: Svjetlost, 1988, стр. 111.

Наводи

Надворешни врски

The qualities of Robert Musil Robert-Musil/Robert Musil Robert Edler von Musil (1880-1942) epic novel Exhuming Robert

Категорија:Австриски писатели Категорија:Австриски есеисти Категорија:Модернистички писатели Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет