thumb|300px|right Дака (бенгалски ঢাকা Đhaka; ) е главниот град на Бангладеш и централен град на Областа Дака. Тој се наоѓа на бреговите на реката Буриганга. Заедно со областа, Дака брои 15 милиони жители, правејќи го најголемиот град во Бангладеш и еден од најнаселените во светот.
За време на могулската власт во 17 век, градот бил познат и како Џахангир Нагар и бил истовремено провинциски главен град и центар на светски распространетата трговија со муслин. Меѓутоа, модерниот град бил развиван под британската власт во 19 век и наскоро станал вториот најголем град во Бенгал, по Калкута. Со поделбата на Индија во 1947, Дака станал административниот главен град на Источен Пакистан, а подоцна, во 1972, главен град на независен Бангладеш.
Модерна Дака е центар на политичкиот, културниот и еконсмскиот живот на Бангладеш. Во поново време, Дака има модернизиран транспорт и комуникации.
Наводи
Категорија:Градови во Бангладеш Категорија:Главни градови во Азија Категорија:Населени места основани во 1608 година