Бергамот или бергамот-портокал ( subsp. bergamia) — мал агрум со приближно крушест облик. Ова овошје за првпат е добиено во Италија, со вкрстување на крушест лимон и горчлив портокал или грејпрфут. Расте на мали дрва со исто име.

Овошјето главно се одгледува на јонскиот крајбрежен регион во покраината Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовнички и алувијални наслаги.

Овошјето е кисело, а од неговата ароматична кора се добива етерично масло кое се користи во чајот Ерл Греј, кај парфемите, за слатки и ароматерапијата за лекување на депресија. Се користи и за полесно варење. Бергамотот е и состојка на првата колонска вода направена во Германија во XVII век.

Најмалку еден италијански производител прави мармалад чија главна состојка е бергамот. Во Грција од него се прави слатко.

Бергамот-портокалот нема сродна врска со истоимената билка.

Маслото има некои негативни ефекти како осетливост на светлина (заради хемикалијата бергаптен) и спречување на желудечна апсорпција на калииум во организмот.http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=20522 ,http://www.pdrhealth.com/drug_info/nmdrugprofiles/herbaldrugs/100225.shtml

Наводи

Надворешни врски Етерично масло од бергамот во ароматерапијата БиБиСи - Статија за одгледувањето на бергамот во Калабрија, Италија За бонбоните „Нансиски бергамот“

Категорија:Цитруси Категорија:Агруми Категорија:Калабрија Категорија:Етерични масла