Избор на песна за Евровизија (, ) или скратено Евровизија — годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европскиот радиодифузен сојуз.

Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата. Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот. Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години. Евровизија исто така се емитува и надвор од Европа на места како Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Египет, Индија, Јапонија, Јордан, Мексико, Нов Зеланд, Филипини, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, САД, Уругвај и Венецуела и покрај фактот што тие не учествуваат. Од 2000 година изборот се емитува и преку интернет, со што во 2006 година, повеќе од 74.000 луѓе во скоро 140 земји го гледале онлајн.

Уметници чии кариери биле во центарот на вниманието по нивните настапи и победиле на Евровизија се: Доменико Модуњо, кој освоил трето место со песната „Nel blu dipinto di blu“ во 1958 година, групата АББА, која победила за Шведска на изборот во 1974 година со нивната песна „Waterloo“, Селин Дион, која победила за Швајцарија во 1988 година со песната „Ne partez pas sans moi“ и шпанскиот пејач Хулио Иглесијас кој продал преку 300 милиони плочи ширум светот.

Почетоци

Во 50-тите години, откако започнала да се обновува воено-разурнатата Европа, Европскиот радиодифузен сојуз со седиште во Швајцарија формирала ад-хок комисија за да пронајде начини да ги обедини земјите од Европскиот континент преку „забавна програма“. На состанокот на комисијата одржан во јануари 1955 година во Монако, генералниот директор на швајцарската телевизија и претседателот на комисијата Марсел Бесон дошол до идеја за интернационален избор на песна, каде земјите ќе учествуваат во една телевизиска програма, која ќе биде пренесувана истовремено во сите земји на унијата. Изборот се засновал на веќе постоечкиот фестивал Санремо што се одржувал во Италија, а се сметал за амбициозен проект, технолошки експеримент во живо на телевизија, кој би обединил многу земји заедно во широката меѓународна мрежа. Во тоа време не постоела сателитска телевизија, а таканаречената Евровизиска мрежа вклучувала копнена микробранова мрежа. Концептот, тогаш познат како “Евровизија Гран При” бил одобрен од Генералното собрание на Европскиот радиодифузен сојуз на состанокот одржан на 19 октомври 1955 година во Рим и било одлучено првиот избор да се одржи пролетта 1956 година во Лугано, Швајцарија. Името „Евровизија“ во врска со мрежата на Европскиот радиодифузен сојуз бил за првпат употребен од страна на британскиот новинар Џорџ Кампеј во London Evening Standard во 1951 година.

Првото издание се одржало во градот Лугано, Швајцарија на 24 мај 1956 година каде учество зеле седум земји – секој изведувајќи по две песни, за да има вкупно 14. Ова бил единствениот избор кога се изведувале повеќе од една песна од страна на една држава: од 1957 година било дозволено да се изведува една песна од страна на една држава. На изборот во 1956 година победила земјата домаќин, Швајцарија.

Програмата најпрво била позната како „Евровизија Гран При“ кое било усвоено од страна на Данска, Норвешка и франкофонските земји, со француската ознака “Le Grand-prix Eurovision de la Chanson Européenne" . Но потоа Гран при било сменето и заменето со „Concours“ (натпревар на француски), но не и на дански и норвешки. Евровизиската мрежа се користи и за пренесување вести и спортски програми на меѓународно ниво, како и други специјализирани настани организирани од страна на Европскиот радиодифузен сојуз. Меѓутоа според мислењето на јавноста, името “Евровизија” е поблиску поврзан со изборот на песна.

Формат thumb|300px|right|Натпреварувачи до 1956: thumb|300px|right|Градови кои биле домаќини на Евровизија.

Форматот на овој избор се менувал со годините, иако основните принципи отсекогаш биле на овој начин: земјите учеснички поднесуваат песни кои се изведуваат во живо на телевизиска програма која се пренесува истовремено во сите земји, преку евровизиската мрежа од страна на Европскиот радиодифузен сојуз. Земјата како учесник е претставувана од еден од телевизиските радиодифузери од таа земја: вообичаено, но не секогаш, тоа е националната телевизиска радиодифузна организација на земјата. Домаќин на програмата е една од земјите учеснички и се пренесува директно од аудиториумот во градот домаќин. За време на програмата, откако ќе бидат изведени сите песни, земјите започнуваат да гласаат за песните на другите држави: на земјите не им е дозволено да гласаат за сопствената песна. На крајот на програмата за победник се прогласува песната со најмногу освоени бодови. Победникот, единствено го добива статусот на победникот, иако е вообичаено да му биде доделен трофеј на композиторот на песната, а земјата е поканета да биде домаќин на настанот наредната година.

Програмата е секогаш отворена од еден или повеќе презентери, поздравувајќи ги гледачите на шоуто. Многу од земјите одлучуваат да заработат на можноста која им е дадена како домаќини на една програма со широка меѓународна публика, и затоа е вообичаено е да се даваат презентации од видео снимки со сцени од земјата домаќин, како реклама за туризам. Помеѓу песните и започнувањето на гласањето за време на паузата се случува интервален чин, која може да биде каква било форма на забава. Забавата на паузата има вклучено изведби како на пример The Wombles (1974) и првата меѓународна претстава на Riverdance (1994).

Како што националните радиодифузери се приклучуваат и го напуштаат изворот на Европскиот радиодифузен сојуз, логото на Евровизија се прикажува. Придружната тема на музиката (се користи на други евровизиски емитувања) е увертира на Марк Антоан Шарпантие - ,,Те Deum”.

Финалето на Изборот на песна за Евровизија традиционално се одржува на пролет во сабота навечер УТЦ (20:00 БСТ / ИСТ, или 21:00 ЦЕСТ). Обично се одбира сабота во месец мај, иако се има одржано и во четврток (во 1956) и најрано во март.

Учество

Квалификувани учесници се активните членови (за разлика од асоцијативните членови) на Европскиот радиодифузен сојуз. Активни членови се оние кои се наоѓаат во државите кои се во рамките на Европската радиодифузна област, или се земји членки на Советот на Европа.

Европската радиодифузна област е одредена од страна на Меѓународната унија за телекомуникации:

Западната граница на Регион 1 е дефинирана со линија која се протега од Северниот Пол со меридијан 10° западно од Гринич до нејзиниот пресек со паралела 72° северно; оттаму со кружен лак со пресекот на меридијан 50° и паралела 40° северно; оттаму со кружен лак до пресекот на меридијан 20° западно и паралела 10° јужно; оттаму по меридијан 20° до Јужниот Пол.

Во активни членови спаѓаат радиодифузни организации чии преноси се достапни до најмалку 98% од домаќинствата во нивната земја кои се опремени да добиваат такви преноси.

Доколку активен член на Европскиот радиодифузен сојуз посака да учествува, мора да ги исполнува условите кои се утврдени со правилата на натпреварот (за кои се подготвува годишно посебен примерок). Така во 2013 година се вклучила потребата да се емитува во нивната земја програмата од претходната година и да ѝ се плати партиципација на Европскиот радиодифузен сојуз за годината во која тие сакаат да учествуваат, пред рокот предвиден во правилата на изборот.

Правото на учество не е ограничено со географското вклучување во континентална Европа, освен “Евро” во “Евровизија” – нема никаква друга врска со Европската Унија. Во текот на историјата учество зеле неколку држави кои се географски надвор од границите на Европа: Израел, Кипар и Ерменија во Западна Азија (Кипар и Ерменија се членови на Советот на Европа, а Кипар е земја-членка и на Европската Унија), од 1973, 1981, 2006 година соодветно; и Мароко во Северна Африка учествувал сам на изборот во 1980 година. Покрај тоа, учество зеле неколку прекуконтинентски земји со само дел од нивната територија во Европа: Турција од 1975 година, Русија од 1994 година, Грузија од 2007 година и Азербејџан чие прво појавување се случило во изданието 2008 година.

Година Држави кои дебитирале , , a, , ,, , , , , b , , , , , , , , , , , , , , , ,

Земји-домаќини

thumb|Ериксон Глобен, арената каде се одржа Евровизија 2000 и 2016.

Повеќето од трошоците за овој избор се покриени од комерцијални спонзори и придонеси од другите земји учеснички. Овој избор се смета за единствена можност за промовирање на земјата домаќин како туристичко одредиште. Летото 2005 година, Украина го укинала нејзиното барање за нормална виза за посетителите од ЕУ за да одговара како домаќин на настанот.

Подготовките за настанот обично започнуваат за неколку недели откако домаќинот победува претходната година и ѝ потврдува на Европскиот радиодифузен сојуз дека тие планираат и се во можност да бидат домаќини на натпреварот. За град-домаќин е избран најчесто главниот град, кој мора да има соодветна концерт сала. Две најголеми концертни сали биле Паркен во Копенхаген (каде имало околу 38.000 луѓе, кога Данска била домаќин во 2001 година) и Есприт арената во Диселдорф (каде имало околу 36.500 луѓе, кога Германија била домаќин во 2011 година). Најмал град кој бил домаќин е Милстрит во кругот Корк, Ирска, во 1993 година. Ова село има популација од 1500 луѓе, но и покрај тоа Грин Гленс арената може да собере до 8.000 луѓе.

Кога се одбира градот домаќин и салата, секогаш се земени предвид хотелот и новинарските објекти во околината. Во Киев во 2005 година, хотелските соби беа недоволни, па затоа организаторите на изборот побараа од украинската влада да ги стопира резервациите кои тие не ги контролираа преку официјалните средства на делегацијата или туристичките пакети: ова доведе да бидат откажани хотелските резервации на многу луѓе.

Евровизиско лого и тема

Сегашниот вид на лого беше воведен на Изборот на песна за Евровизија во 2004 година во Турција, за да се создаде постојан визуелен идентитет. Знамето на земјата-домаќин се појавува во срцето на логото. Секоја година на изборот, земјата домаќин си создава под-тема, која што е обично придружувана и изразена со под-лого и слоган. Темата и слоганот се соопштени од Европскиот радиодифузен сојуз и од националната телевизија на земјата-домаќин.

Евровизиската недела

Терминот “Евровизиска недела” се употребува за неделата во која се случува изборот. Бидејќи е шоу во живо, Изборот на песна за Евровизија бара изведувачите да ги усовршат нивните изведби, со цел големата ноќ да тече без проблеми. Покрај проблемите во нивните држави, на секој учесник му е дадена можноста да вежба на сцената на евровизискиот аудиториум. Овие проби се случуваат во текот на неколкуте дена пред саботното шоу и поради тоа делегациите престигнуваат неколку дена пред настанот. Новинарите и обожавателите се исто така присутни претходните денови, па така настанот Евровизија трае многу подолго од оние неколку часа на телевизија. Избрани се голем број на официјално акредитирани хотели каде што престојуваат делегациите и редовен автобус кој се користи за да ги носи и враќа изведувачите и нивните придружници до местото на случувањето и назад.