Крозеови Острови (), Крозеов Архипелаг (Archipel Crozet) или само Крозе — архипелаг од мали подсантарктички острови во Индискиот Океан. Тие сочинуваат еден округ во рамките на француската прекуморска територија именувана како Француски Јужни и Антарктички Земји.

Историја

Крозеовите Острови биле откриени на 24 јануари 1772 година од страна на француската експедиција предводена од Марк-Жозеф Марион ду Фресне. Жил Крозе, вториот човек по команда на експедицијата, стапнал на островот Посесион и со тоа официјално Франција објавила дека островите се под нивна управа. Имено, островите се именувани токму по Жил Крозе. Експедицијата продолжила кон Нов Зеланд, каде капетанот и поголем дел од екипажот биле убиени од страна на Маорите. Сепак, Крозе преживеал и успешно ги предводел преживеаните назад во Маврициус, каде им била базата.

Геологија Островите лежат на Антарктичката Плоча. Тие се грубо кажано помеѓу Мадагаскар и Кергеленовото вулканско жариште. Најстар остров од овие е Источниот Остров кој бил создаден пред 9 милиони години и бил создаден од вулканско жариште. Ова жариште продолжило да создава острови кон запад, до денес. Иако геолошки гледано островите се млади, сепак денес не се забележува вулканска активност.

Географија Околу главните острови има повеќе мали островчиња и карпести гребени. Главните острови се (од запад кон исток):

бр. остров (превод) површина највисока точка местоположбаЗападни 1 Кошон (Остров на Свињите) Мон Ричард-Фој, 2 Пингвински Остров Мон де Маншо 3 Апотр (Апостолски Остров) Мин Пјер, Источни 4 Посесион (Посед) Пик ду Маскарин, 5 Источен Остров Марион-Дифресн,   Крозе Mont Marion-Dufresne, 45°57' to 46°29'S50°10' to 52°19'E

Клима

Наводи

Литература

Надворешни врски

Информации за островите Страница за островите TAAF.fr за островите

Категорија:Француски Јужни и Антарктички Земји Категорија:Архипелази во Индискиот Океан