V444 Лебед (V444 Cyg / HD 193576 / HIP 100214 / WR 139) HD 193576 -- Wolf-Rayet Star (SIMBAD) двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед со привидна величина 7,94. Таа е член на јатото „ Беркли 86“ и е на растојание од околу 6.200 светлосни години од Сончевиот Систем .

Системот се состои од топла сина ѕвезда од спектрален тип O6III-V и Волф-Рајеова ѕвезда од типот WN5. Всушност станува збор за затемнувачка двојна ѕвезда со орбитален период од 4,1 дена, со орбитално занесување од ε = 0,03. Растојанието помеѓу двете ѕвезди е 0,18 ае или 38 сончеви полупречници . Сината ѕвезда е мошне сјајна ѕвезда, со болометриска сјајност 435.000 пати поголема од сончевата сјајност, Волф-Рајеовата ѕвезда е 90.800 пати посветла од Сонцето. Температурата на површината на ѕвездата достигнува 82.000 К. Набљудуван во рендгенски зраци, парот е посветол од што се очекува доколку поединечно се набљудува секоја од составниците, оваа појава најверојатно се должи од меѓусебното заемнодјство на ѕвездените ветрови од двете ѕвезди, чија температура може да достигне неколку десетици милиони К, со што се придонесува за поголемото зрачење на рендгенски зраци.

Сината ѕвезда е 25 пати помасивна од Сонцето, а придружникот има маса од 10 сончеви маси. Како и останатите Волф-Рајеови ѕвезди, оваа составница на системот губи маса со стапка од 0,6×10−5 сончеви маси годишно, додека пак сината ѕвезда тоа го прави со стапка, која е десет пати помала. Полупречникот на второта составница е 10 пати поголем од сончевиот полупречник и оној на Волф-Рајеовата ѕвезда е 3 пати поголем од оној на нашето Сонце. Поврзано

Список на најмасивни ѕвезди

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Променливи ѕвезди Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди Категорија:Бело-сини џинови