V478 Лебед (V478 Cyg / HD 193611 / HIP 100227) V* V478 Cyg -- Eclipsing binary of Algol type (SIMBAD) двојна ѕвезда со просечна привидна величина од +8,66. Системот се наоѓа на растојание од околу 4.410 светлосни години од Сончевиот Систем во насока на соѕвездието Лебед.

V478 Лебед е затемнувачки двоен систем и е познат како таков од 1949 година. Двете составници на системот се многу масивни сини ѕвезди од главната низа, од спектралниот тип O9.5V. Составницата А има површинска температура од 30.479 К и маса од 16,62 сончеви маси. Нејзиниот полупречник е 7,43 пати поголем од оној на Сонцето и со сјајност поголема за 42.760 пати од сончевата сјајност. Составницата B, е речиси идентична, има температура од 30.549 K и маса еквивалентна на 16,27 сончеви маси. Со иста големина како и нејзината придружничка, таа е за само 0,1% посјајна ѕвезда. Системот е со старост од 5 милиони години.

Орбиталниот период на V478 Лебед е 2,8808 дена и главната полуоска на орбитата изнесува 26,9 сончеви полупречници или 0,11 ае со орбитално занесување од ε = 0.019. При затемнувањата, вкупната привидна величина се намалува за приближно 0,40 величини.

Поврзано

Список на променливи ѕвезди

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Променливи ѕвезди Категорија:Двојни ѕвезди