Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Ношпал; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Ношпал, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Местоположба Објектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, непосредно од десната страна на патот.
Историја
Во 2018 година, училиштето добило монтажна училишна зграда со средства во износ од 904.000 денари обезбедени од Општина Могила и дополнителни средства од страна на Министерството за образование и наука откако старата училишна зграда во 2015 година била полна со глодачи.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Могила Ношпал Категорија:Ношпал