Света Петка — манастирска црква на Мусиничкиот манастир.
Историја Црквата била осветена од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар на 6 октомври 2017 година со принесување на свети мошти.F., E.. „Архиерејска Вечерна богослужба во манастирот Св. Петка – Мусинци“. Преспанско-пелагониска епархија. 7 октомври 2017.
Архитектура Црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. На секоја од осумте страни од куполата има по една монофора. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има полукружна ниша со фреска на која е прикажана Света Петка. Градбата во целост е обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Мусинички манастир Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мусинци Мусинци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Добрушевско-дедебалска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мусинички манастир Категорија:Мусинци Мусинци