Свети Димитриј — главна селска црква во селото Путурус. Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.
Историја
Црквата била изградена во 1880 година.„Путурус “. Мој Роден Крај.
Еден дел од црквата бил обновен пред околу сто години.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а на јужната страна има спореден влез. Над обата влеза има ниша со фреска. Објектот во целост е обоен во бела боја со исклучок на цоклето, рабовите и рамките околу влезните врати кои се бледосини.
Во дворот на манастирот се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред главниот влез на црквата. Таа има квадратна основа и нејзиниот влез е од јужната страна.
Галерија
Поврзано Путурушки манастир Црква „Св. Петка“ - Путурус Путурус Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Добрушевско-дедебалска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Путурус Путурус