Амониум нитрат се употребува за правење на експлозиви полнење на гранати и др. Исто така тој се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите. Формулата за амониум нитрат е NH4NO3, тој не се продава на пазарот бидејќи со него се прават експлозиви.

Кристални фази Кристалното уредување на амониум нитрат се менува во зависност од притисокотт и од температурата. Одредени се селдниве кристални фази: СистемТемпература (°C)ФазаПромена на волуменот (%) -> 169,6течна -I169,6 do 125,2коцкеста +2,1II125,2 do 84,2четириаголна -1,3III84,2 do 32,3α-ромпска +3,6IV32,3 do −16,8β-ромпска−2,9V−16,8четириаголна -

Појава Амониум нитратот се наоѓа како природен минерал (амонијак нитре - амониум аналоген на калиум нитрат (хемиска формула KNO3), или шалитра и други нитре минерали како натриум нитрат во сушните региони на пустината Атакама во Чиле, често како кора на почвата и во комбинација со други нитрати, хлорат, јодат и халидни минерали. Амониум нитрат во минатото се ископувал, но денес речиси 100% е синтетички.

Добивање Индустриското производство на амониум нитрат се добива од киселинско-базна хемиска реакција на амонијак со азотна киселина:http://www.google.com/patents/pdf/Process_of_producing_concentrated_soluti.pdf?id=XronAAAAEBAJ&output=pdf&sig=ACfU3U0iYFRDUxltKLaVind-3wwP_JYPxg

HNO3(aq) + NH3(g) → NH4NO3(aq)

Реакцијата е бурна и мошне егзотермна. Откако ќе настане растворот, обично со концентрација од околу 83%, вишокот вода испарува и се добива раствор од амониум нитрат со концентрација од 95% до 99,9%, зависно од чистотата.

Амонијакот за овој процес се добива со Хаберов процес од азот и водород. Амонијакот добиен со Хаберов процес се претвора во азотна киселина преку Оствалдовиот процес. Друг метод на производство е варијанта на Ода процесот: Ca(NO3)2 + 2 NH3 + CO2 + H2O → 2 NH4NO3 + CaCO3 Амониум нитрат исто така може да се добие и со раствори на амониумски и нитратни соли: (NH4)2SO4 + 2 NaNO3 → Na2SO4 + 2 NH4NO3 Ca(NO3)2 + (NH4)2SO4 → 2 NH4NO3 + CaSO4

Реакции Амониум нитрат реагира со метални хидроксиди, испуштајќи амонијак и формирајќи алкален метален нитрат: NH4NO3 + MOH → NH3 + H2O + MNO3 (M = Na, K) Амониум нитрат не остава талог кога се загрева: NH4NO3 → N2O + 2H2O Амониум нитрат се создава во атмосферата од испуштање на NO, SO2, и NH3, и е секундарен компонент на ПМ10 честичките.

Примена

Ѓубриво Амониум нитрат е важно ѓубриво со NPK рејтинг 34-0-0 (34% азот). Тој не е толку концентриран од уреата (46-0-0), па затоа има транспортна неповолност. Предноста на амониум нитратот во однос на уреата е што е постабилен и не испушта толку брзо азот во атмосферата.

Експлозив Амониум нитратот сам по себе не е експлозив,Manhattan Bombs Provide Trove of Clues - The New York Times но формира експлозивни соединенија со различни својства кога се комбинира со примарни експлозиви како азиди или со горива како алуминиумска прашина (танерит) или со течно гориво како нафта (ANFO).

Мешавина со течни горива

ANFO е мешавина од 94% амониум нитрат ("AN") и 6% мазут (fuel oil = "FO") широко употребувано како индустриски експлозив. Се користи во рударството (рудници за ископи на јаглен и метал), во каменоломи и градежништвото. Негови предности во однос на други конвенционални експлозиви се водоотпорност, баланс на кислород, висока брзина на детонација и перформанси на помали пречници.

Влијание врз здравјето Податоците за здравјето и безбедноста се прикажани на листите за безбедност на материјалите кои се доставуваат од страна на добавувачите и можат да се најдат на интернет.

Амониум нитратот сам за себе не е многу штетен за здравјето и честопати се користи како ѓубриво. Тој има LD50 of 2217 mg/kg, што за споредба е околу тве третини од готварската сол.

Ракување, складирање и безбедност Загревање или негово палење може да предизвика силен оган или експлозија. Амониум нитратот реагира со гориво и редуцирачки материјали бидејќи е силен оксиданс. Иако главно се користи за ѓубриво, може да се користи за експлозиви.Progressive Farmer Magazine Се користи и да се модифицира степенот на детонација на некои други експлозиви како тринитротолуен во форма на аматол.

Постојат бројни безбедносни мерки за тоа како се ракува и се складира амониум нитрат.Storing and handling ammonium nitrate Не треба да се чува близу до согорувачки супстанции. Не е компатибилен со некои супстанции како хлорати, неоргански киселини и метални сулфиди што може да доведе до енергични или дури и насилни разградувања.Chemical Engineering Transactions

Амониум нитратот има критична релативна влажност од 59,4%, над која ќе апсорбира влага од атмосферата. Затоа, важно е да се чува во цврсто затворен контејнер. Амониум нитратот може да собере доволно влага до претворање во течна состојба. Мешањето на амониум нитратот со други ѓубрива може да му ја намали критичната релативна влажност.

Надворешни врски

"Складирање и ракување со амониум нитрат", Велика Британија, публикација за здравје и безбедност INDG230 (1986) Хемиски водич: Безбедно складирање, ракување и работа со амониум нитрат САД, Агенција за заштита и безбедност на околина Калкулатори: притисоци на површина , и густини, моларност и модалитети на разводнет амониум нитрат

Наводи

Категорија:Нитрати Категорија:Експлозивни хемикалии Категорија:Гноива Категорија:Амониумски соединенија Категорија:Кружење на азотот Категорија:Оксиданси