55 Лебед — ѕвезда син суперџин во соѕвездието Лебед. Се претпоставува дека е член на ѕвезденото здружение Лебед OB7 на растојание од 2.700 светлосни години.

Со привидна величина од 4,86, но со мали промени од каде и е и името V1661 Лебед. Кога првпат била анализирана ѕвездата, била класифицирана како неправилна суперџиновска проенлива ѕвезда, но дополнителните изучувања ја класифицираат како променлива од типот на Алфа Лебед. Кај ѕвездата се забележани пулсирања со повеќе периоди од неколку часови до 22 дена, и двата p- и g-модови. Покрај p- и g-модовите, забележани се и чудни модови и надоврзувачки нестабилности при моделирањето на ѕвездата. Спектарот исто така ги прикажува промените, со што ѕвездата добила нова класификација како променлива ѕвезда.

Точните својства на 55 Лебед не се прецизно определени и исто така се подложни на промени. Станува збор за сјаен суперџин со сјајност неколку стотици илјади пати поголема од сјајноста на Сонцето. Оваа ѕвезда првично била стандардот за спектралниот тип B3 Ia.

Видот на пулсирања карактеристични за 55 Лебед укажуваат дека ѕвездата претходно била црвен суперџин кој ги отфрлил надворешните слоеви. Најмасивните црвени суперџинови се очекува да поминет низ фазата на сини суперцинови, пред да постанат Волф-Рајеови ѕвезди и на крајот да експлодираат како супернови од типот Ib или Ic .

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бело-сини суперџинови Лебед, 55 Лебед, V1661 7977 198478 102724 BD+45 3291 Категорија:Променливи ѕвезди од типот на Алфа Лебед