Павел Шатев ( во — во ) — истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија — прв министер за правосудство. Бил и слободен ѕидар.Масоните в България: Членовете на Българските масонски ложи, родени в Македония (до 1944 г.), Брошура на Главно управление на архивите към Министерски съвет на Р. България, С., 2003 г.
Животопис Образование
Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа се запишал во прогимназијата во Скопје. Натаму, во 1896 година, своето образование го продолжил во Солунската бугарска машка гимназија, каде во 1900 година успешно матурирал.
Гемиџија
лево|130п|мини|Павел ШатевИстовремено се приклучил на Гемиџиите. Тие во април 1903 година ја извеле својата акција во Солун, копнеејќи за еден друг свет, свет без господари и робови, во кој сите ќе живеат слободни и рамноправни. Шатев бил задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Ова дејствие било успешно извршено, при што бродот бил запален, а и сите патници биле спасени.
Прогонство
Тој бил уапсен и на судската постапка на 6 јуни 1903 година е осуден на смртна казна. Исчекувајќи го три години извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му била заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара.
Амнестија и дообразување
thumb|250п|лево|Обраќање на Павел Шатев, Туше Делииванов и Божин Проданов во 1938 година до светската јавност за положбата на македонскиот народ Обраќање на Павел Шатев, Туше Делииванов и Божин Проданов во 1938 година до светската јавност за положбата на македонскиот народ и како треба да се реши македонското прашање.
Во 1908 година, по Младотурската револуција, добил амнестија и повторно дошол во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминал во Брисел, каде студирал на Правниот факултет. мини|264x264пкс|Павел Шатев со македонски Илинденци на 4 мај 1938 година, по повод 35-годишнината од смртта на Делчев.
Меѓу македонската емиграција во Бугарија
Во текот на Првата светска војна е мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.
Во декември 1921 година, на Основачкиот конгрес на Македонската емигрантска федеративна организација е избран за нејзин претседател.
Воспоставува соработка со претставниците на Коминтерната и СССР во Софија и од 1923 година станува професионален разузнавач за СССР.
Игра важна улога во потпишувањето на Мајскиот манифест, а од 1925 година активно учествува во дејствувањето на ВМРО (Обединета). Во 1931 година се враќа во Бугарија.
Во ноември 1941 година е уапсен од бугарската полиција, а во јуни 1942 година на големиот судски процес против комунистите е осуден на 15 години затвор.
Учесник во создавањето на современата македонска држава лево|мини|Септември, 1944 година Апел до Македонците во Бугарија. Еден од потписниците е и Павел Шатев. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Ангел Динев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Михаил Герџиков и др. мини|Првата Влада на ДФ Македонија. Шатев седи втор оддесно налево. Се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот на македонската република. На 27 октомври 1944 година е кооптиран за делегат на АСНОМ, на Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија. На таа функција останува една и пол година, до изборот на нова влада, на 31 декември 1946 година.
Судир со новите македонски комунистички власти мини|250п|Група стари македонски револуционери снимени во април 1948. Седат од лево на десно: Ризо Ризов, Крсто Гермов, Александар Мартулков. Стојат од лево на десно: Димитар Поп Евтимов, Анастас Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев.
Шатев влегува во судир со комунистичкото раководство на Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанува на страната на советската партија. На 1 октомври 1948 година, заедно со Панко Брашнаров, до ЦК на Советската комунистичка партија упатува доверливо писмо во кое се тврди дека „прашањето за обединување на македонскиот народ уште од самиот почеток се поткопа поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК КПЈ во смисла обединета Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за посебните, специфични услови, ниту за братските соседни земји...“„Панко Брашнаров и Павел Шатев за обстановката във Вардарска Македония през 1944-1948 г. — изложение до ВКП(б)“
На 16 јуни 1949 година Шатев е уапсен „како непријател на државата“ и набрзо, на 27 јуни, му е одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што е испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен е од контакти со надворешни лица и држан е во тешки услови. Набрзо се разболува и, бидејќи не му било дозволено да се лекува, починува во јануари 1951 година.
Властите не дозволуваат да биде погребан во родното Кратово. Закопан е на битолските гробишта, без дозвола на погребот да присуствуваат неговите најблиски.
Мисли thumb|250п|Шатев со Гемиџиите, споменик на плоштадот Македонија во Скопје Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да може македонското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава... Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот... Иван Катарџиев, Македонската национално политичка мисла меѓу двете војни, Култура, 1991.
Наводи
Литература "В Македония под Робство; Солунското Съзаклятие (1903 г.), Подготовка и Изпълнение" "Солунският атентат и заточениците във Фезан", Софиjа, 1927 година "Бележки върху Българската Просвета в Македония", публикуванo во "Зборник Солун", Софиja 1934 година "Националните малцинства и самоопределението на народите. Трагедията на Балканите", Софиja, 1936 година "Заточението въ Сахара-Фезанъ", Софиjа, 1910 година Павел Шатев „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, „Култура“, Скопје, 1994. Панче Михајлов „Револуционер, родољуб, разузнувач: прилог кон биографијата на Павел Шатев“, Музеј на Кратово, Кратово, 1996. Владо Иваноски (уредник) „Павел Шатев: време - живот - дело: (1882-1951): прилози од Научниот собир одржан на 15 и 16 март 1992 година во Кратово, Институт за национална историја, Скопје, 1996. Крсте Битовски „Солунски атентати“, Скопје, 1985.
Надворешни врски Павел Шатев, „В Македония под робство. Солунското съзаклятие (1903 г.), подготовка и изпълнение.“, Трето издание, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983 г. Павел Шатев, „Националните малцинства и самоопределувањето на народите - трагедијата на Балканот“, Софија, 1936. Виктор Цветаноски „Павел Шатев умре затворен во Битола во трошна куќа“ Последна средба на Шатев со Марковски Како умира Шатев?
Категорија:Гемиџии Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски анархисти Категорија:Луѓе од Кратово Категорија:Репресирани поради Резолуцијата на Информбирото Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во 1951 година Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Воспитаници од Скопското педагошко училиште Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија