Сен Пол () — втор по големина град и општина во францускиот прекуморски департман Реинион.

Географија Градот е сместен на западниот брег на островот Реинион, југоисточна Африка. Неговата се граничи со општините Силао, Ле Пор, Ла Посесјон и Троа Басен.

Има најголема општинска територија на островот. Зазема дел од циркот Мафат, чиј највисок дел е близу врвот Голем Морн на надморска висина од 2.990 м. На таа територија е и врвот Голем Бенар, со висина од 2.898 м.

Околу градот се протегаат шуми и савана.

Клима Сент Пол, заедно со Порт се најтоплите места на островот. Има тропска сува клима. Има само 40 врнежливи денови во годината и затоа оскудува за вода. Градот нема многу воздушни струења бидејќи лежи на заветрен брег.

Поврзано Општини на Реинион

Наводи INSEE

Надворешни врски

Категорија:Градови на Реинион Категорија:Општини на Реинион Категорија:Потпрефектури во Франција