За современиот фудбалски клуб, кој порано го носел името Треска, видете ФК Македонија Ѓорче Петров 1932.

ФК „Македонија Ѓорче Петров“ ― македонски фудбалски клуб од Ѓорче Петров, оформен во 1932 година.

Историја Клубот бил оформен во 1932 година под името „Ханриевски Аматерски Спортски Клуб“ (Х.А.С.К.), а подоцна ги носел и имињата „Победа“, „Рудар“, „Индустријалец“, „Локомотива“. Во сезоната 1970/1971 го добил името „Југококта“, сè до сезона 1989/1990 кога го добил сегашното име.

Македонија Ѓ.П. настапува на стадионот Ѓорче Петров, со капцитет од 3000 седишта. Во 2005 година била изградена западната трибина на стадионот, кој е познат и под името „Кокта“. По катастрофалниот земjотрес во Скопје во 1963 година, стадионот на тогашен ФК „Рудар“ бил одземен од државата за да бидат изградени монтажни бараки за настраданото население, и било доделено новото игралиште на сегашното место. Во 1970 година, ФК „Рудар“ (подоцна под името ФК „Југококта“) влегол во тогашната македонска фудбалска лига, и морало да бидат изградени трибина, соблекувални и други попратни елементи за да може да учествува во тоа натпреварување. Така во септември 1970 започнала изградбата на источната трибина. Екипата играла есента на стадионот на ФК Цементарница во Скопје. Трибината, поттрибинскот простор и соблекувалните биле предадени во употреба во март 1971, и првиот натпревар се одиграл на 12 март, со екипата на ФК Кожуф од Гевгелија, при што победила екипата на ФК Југококта со 2:0. Со изградбата на трибината бил направен и теренот, и била поставена трева (бусен). Во сезоната 2005/2006, со промената на раководниот тим, изградена била новата западна трибина, како и нови канцелариски простории, вежбалница со сите придружни справи за вежбање и нови соблекувални. Исто така реновирано било и помошното игралиште на кое била поставена вештачка трева.

Позначајни настани 1932: Оформен е клубот под името Х.А.С.К., а подоцна ќе ги носи и следниве имиња: Локомотива, Рудар, Победа, Индустријалец, Рудар итн. 1969/70: Рудар е победник во Скопскиот потсојуз, и во квалификациите изборува место Македонската Републичка Лига, 3 ранг на натпреварување. 1970: Клубот почнува професионално да се натпреварува, и го носи името Југококта. 1971: На 12 март 1971 година се одигрува првиот натпревар на стадионот Ѓорче Петров, кој завршува со победа на тогашната Југококта,Југококта - Кожув 2:0. 1976/77: Првопласиран во Вардарски Фудбалски Регион (4 Лига). 1980/81: Младинците на Македонија Ѓ.П. го освојуваат Купот на Македонија по победата на Осогово од Кочани. 1989/90: Од оваа сезона клубот го носи името ФК Македонија. 1991/92: Младинците на Македонија Ѓ.П. го освојуваат Купот на Македонија. 1991/92: Клубот настапува во 3 Југословенска Лига-Исток. 1992/93: Со оформувањето на 1 М.Ф.Л. Македонија Ѓ.П. станува дел од првата лига. 1993/94: Испаѓа од првата македонска лига и се преселува во 2 македонска лига. 1994/95: Македонија Ѓ.П. го освојува првото место во 2 М.Ф.Л.-Запад и експресно се враќа во првата лига. 1997/98: Клубот го зазема третото место на табелата, и за првпат во својата историја изборува пласман во некое Европско натпреварување. 2003/04: Младинците на Македонија Ѓ.П. во младинското финале од купот на Македонија го декласираа кичевски Напредок, а Горан Наумовски-Пуле беше стрелец на сите четири гола за Македонија Ѓ.П. 2004/05: Македонија Ѓ.П. го освојува трето место во 2 М.Ф.Л., и изборува да игра бараж средба, во која ќе биде подобра од Маџари Солидарност. По три сезони играње во понизок ранг, клубот се враќа во елитата на Македонскиот фудбал. 2005/06: Македонија Ѓ.П. го освојува Купот на Македонија со победата над тетовска Шкендија во финалето со 3:2, а третиот гол што го постигна Филип Ивановски во судиското продолжение е вистинско ремек дело. А исто така завршува како второпласиран тим на табелата во 1 М.Ф.Л. 2008/2009: Македонија Ѓ.П. на крајот од ова првенство е на чело на табелата и ја освојува титулата "Фудбалски Шампион на Македонија".

Играчи Во фудбалската сезона 2008/2009 Македонија Ѓорче Петров настапуваше во следниот состав:

ИграчПозицијаНационалност Марјан Маџaровски голман Бојан ПавловиќголманДаниел ЈовановскиодбранаБлагоја МилевскиодбранаДаниел МојсоводбранаНенад ЈовановиќодбранаАлександар БошковскиодбранаЖорж АмбуруеодбранаМилан ИлиевскиодбранаВаско Митревсреден редТони Брњарчевскисреден редДушан Симовскисреден редГуобадија Ајс Крим Осасреден редБоби Божиновскисреден редДанташ де Брито Сезар Робертосреден редФилип КолеќескинапаѓачГоран СилјановскинапаѓачМирко ИвановскинапаѓачСамир ФазлинапаѓачЈовица Столевскинапаѓач

Постигнувања Домашни првенства Постигнувања на ФК Македонија Ѓорче Петров во првата и втората лига- сезона по сезона:

СезонаНат.Поб.Нер.Пор.+-Бод.Поз.Лига1992/933410121231513214 Македонска Прва Лига1993/9430262217551016 Македонска Прва Лига1994/953223547525741 Македонска Втора Лига1995/9628107113537377 Македонска Прва Лига1996/9726104123830347 Македонска Прва Лига1997/982512583425423 Македонска Прва Лига1998/992610794440376 Македонска Прва Лига1999/0026106102928367 Македонска Прва Лига2000/0126941346423110 Македонска Прва Лига2001/0220731029282411 Македонска Прва Лига2002/0336176135744577 Македонска Втора Лига2003/0432156114846517 Македонска Втора Лига2004/053322567634713 Македонска Втора Лига2005/0633216655236912 Македонска Прва Лига2006/0733181056529643 Македонска Прва Лига2007/0833135153442447 Македонска Прва Лига2008/0933171034615611 Македонска Прва Лига2011/1230146104831484 Македонска Втора Лига2012/133021456021671 Македонска Втора Лига

Еврокупови

Сезона Натппеварување Рунда Клуб Резултат 1998 УЕФА Интертото Куп Прва рундаНК Олимпија - Љублјана4-2, 1-1 Втора рунда СЦ Бастија - Бастија 1-0, 0-7 2006-07 УЕФА Куп Прва квалификациска рунда ПФК Локомотив - Софија 0-2, 1-1 2007 УЕФА Интертото Куп Прва рунда Етникос Ахнас ФЦ - Ахнас 0-1, 2-0 Втора рунда ПФК Черно Море - Варна 0-4, 0-32009/10Лига на ШампиониВтора квалификациска рундаБАТЕ Борисов0-2, 0-2

Tитули Македонска прва лига: 1 2008/09

Куп на Македонија: 3 2005/06, 2021/22, 2022/23

Познати играчи Лука Палиќ Борче Јовановски Рудолф Ковачевиќ Серафим Димовски-Цане Илчо Ѓорѓиоски Перо Каргов Горан Климпер Тони Наумоски Бобан Бабунски Филип Ивановски

Навивачи Македонија Ѓ.П. отсекогаш имала навивачи зад себе, главно во жителите на тогашно Ханриево (сега Ѓорче Петров). Зачетоците на организираното навивање биле во 1988 година кога за првпат се појавиле транспаренти на Кокта, како што популарно се нарекува стадионот Ѓорче Петров. Сегашните навивачи, познати како Лавови се оформени во 1992 година. Во 2008 година формирана е првата а воедно и единствена подгрупа на навивачката група Лавови - Division Hanrievo. Идејата за формирање на подгрупата потекнува од желбата за подобрување на квалитетот и менталитетот на членовите на матичната група – Лавови, при што сите вистински навивачи на ФК Македонија Ѓорче Петров се обединија во една подгрупа. Името на подгрупата, доаѓа од старото име на населбата Ѓорче Петров, Ханриево.

Надворешни врски Официјално мрежно место на Македонија Ѓ.П. Мрежно место на лавовите Официјално мрежно место на Фудбалската федерација на Македонија Трансфери Мрежно место на лавовите Информации за клубот

Наводи

Македонија

М Категорија:Појавено во 1932 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2010 година во Македонија