Кратово — град во Североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.

Потекло на името

мини|лево|Глетка на Кратово мини|Кратовска (Табачка) Река со еден од неколкуте стари камени мостови во центарот на Кратово

Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Османлиите. Во времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.

Историја

Античка и средновековна историја

Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во кое се наоѓа градот“. Како сведоштво за животот и значењето на Кратово во античкиот и средновековниот период како важно рударско средиште, се остатоците од рудниците и големиот број подземни тунели и премини кои ги поврзувале и од кои се ископувала и пренесувала рудата.

Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска надвласт со градот властувал деспотот Јован Оливер.

мини|Глетка на дел од Кратово од Радин Мост

За постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп „Илијада“ во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар.

Османлиски период

Во втората половина на XIV век, Кратово потпаѓа под Османлиското Царство. Во XVI и во XVII век, во составот на новоосвоените територии на Османлите, градот станал подрачен центар. Во XVI и XVII век овде се ковале сребрени пари. Градот го посетил и турскиот султан Мурат. Според еден попис од 1570 година, може да се види соодносот на етничкиот состав на населението по домаќинства. Во документот било забележано дека имало 328 христијански семејства, 292 муслимански, 37 еврејски и за првпат се забележани десет ромски семејства. Познатите турски патписци, Хаџи Калфа и Евлија Челебија во своите белешки Кратово го опишуваат како град во кој се ковале монети и дека во тој период градот имал 800 куќи, 350 дуќани, 20 мали и поголеми џамии, медреса, теќиња, амами, чешми и друго. Монетарниците кои датирале уште од Римскиот период, по доаѓањето на Турците, најдоцна во времето на султанот Бајазит I (1481 - 1512 г.) повторно биле активирани и во наредните два века во нив се изработувале монети со ознака „К“, што значи дека се изработени во Кратово.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.39 Од 1689 до 1805 градот бил запустен. По Австроунгарската војна од 1689-1690 година и Карпошовото востание, градот бил опустошен, а рударските окна затворени. Во почетокот на XIX век Злетово станало центар на рударството и во Кратово сосема престанала рударската дејност.

Географија

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, помеѓу општините Крива Паланка,Ранковце, Пробиштип, Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричанеи Кочани, во западниот дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Кратовска Река и три помали реки.

Кратово е поврзан со регионалниот пат „Р-1205“, кој овозможува поврзување на градот со другите магистрални патишта:

„Патот М-2“, кој го поврзува со Крива Паланка (44 км) и Република Бугарија (59 км) во едниот правец, а со Куманово (53 км) и Скопје (90 км) во другиот правец

мини|лево|Кула во Кратово

„Патот М-5“ го поврзува градот преку Пробиштип (17 км), Кочани (53,5 км), Делчево (104 км) и Бугарија во еден правец, а во другиот правец со Штип (51 км), Велес (88 км), Гевгелија (164 км) и Грција (166 км).

мини|лево|Кратово некаде пред 1926 г.

Клима

Климата е умерено континентална и планинска, поради надморската височина на градот. Во стругата на Крива Река се чувствува влијанието на Вардарската долина и Средоземјето.

Температурата на воздухот се разликува во летниот период во однос на зимскиот период. Максималната температура во летниот период е 38,5°С, а минималната во зимски период е -16,5°С, просечно температура изнесува 11,3 °С.

Врнежите се движат од 550 мм до 750 мм воден талог на 1м², во зависност од апсолутната височина. Најизразени врнежи има во април, мај, октомври и ноември, а најсушни се месеците - август, септември и февруари. Кратово спаѓа под влијание на југозападни ветрови кои доведуваат до топло и врнежливо време, а североисточните ветрови дуваат од планинските делови и условуваат суво и ладно време.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кратово живееле 4.500 жители, од кои 2.500 Турци, 1.900 Македонци и 100 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221.

По 1912 година голем дел од Турците се иселиле, така што Кратово се претворило во мала градска населба која во 1931 година имала само 1.883 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 1.600 Македонци и 150 Турци.

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Кратовскиот срез имало 23.961 жител, од кои 1.925 во градот Кратово, 1.509 во Пробиштип и 20.527 во селата (Кратовско, Злетовска Река). Од етнички аспект, населението го сочинувале 23.357 (97,4 %) Македонци, 262 Роми, 115 Турци, 59 Срби и 168 останати.

Според пописот од 2002 година, во градот Кратово живеат 6.924 жители.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 6.924 жители и спаѓал во групата на мали градови. Етнички гледано, населението е составено од:

Народ ВкупноУдел (%) Македонци 6.724 97,11 Турци 8 0,12 Роми 151 2,18 Власи 1 0,01 Срби 39 0,39други 13 0,19

Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици:

Јазик ВкупноУдел (%) македонски 6.709 96,89 турски 8 0,12 ромски 172 2,48 влашки 1 0,01 српски 23 0,33 бошњачки 1 0,01други 10 0,14

Вероисповед

Во Кратово се застапени следните религиски групи:

Вероисповед ВкупноУдел (%) Православни 6.696 96,71 Муслимани 173 2,50 Католици 2 0,03 Протестанти 1 0,01 други 52 0,75

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кратово брои 5.791 жител, од кои:

Народ ВкупноУдел (%) Македонци 5.401 93,27 Албанци 3 0,05 Турци 0 0,00 Роми 99 1,71 Власи 1 0,01 Срби 11 0,19 Бошњаци 0 0,00 останати 17 0,29 лица без податоци 259 4,48

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кратово:

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — — 1.925 1953 1.754 0 108 100 1 8 — 22 — 1.993 1961 2.229 4 89 — — 24 — 65 — 2.411 1971 3.566 0 15 82 — 27 — 45 — 3.735 1981 5.255 0 24 103 0 33 — 27 — 5.442 1991 6.326 1 7 144 1 35 — 14 — 6.528 1994 6.308 0 7 135 0 22 — 9 — 6.481 2002 6.724 0 8 151 1 27 0 13 — 6.924 2021 5.401 3 0 99 1 11 0 17 259 5.791

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

мини|Барање за електрификација на градот Кратово од централата на рудникот „Злетово“, потпишано од граѓаните и членовите на Народноослободителниот одбор во Кратово. (11.12.1944)|286x286пкс

Родови Според истражувањата од 1931 година:

Во 1931 година во Кратово имало 172 семејства или 350 домаќинства. Од нив, 49 семејства (135 домаќинства) биле старинци и 123 семејства (215 домаќинства) доселеници.

Македонци: Старинци се следниве семејства: Ашчи-Крстовци (6 домаќинства) кои се сметаат за еден од најстарите семејства. Се зборувало дека водат потекло од семејството на Св. Ѓорѓи Кратовски. Реповци-Коко-романци (3), Караванци (2), Божиковци (3), Џамѓозци (4), Бојчевци (2), Дрневци (8), Борнарци (1), Маќевци (7) и Кондевори (5). Во сите овие семејства имало почитувани луѓе, попови и економисти. Шешперци (2) кои биле угледни трговци со масло и тргувале со Солун. Миќевци (4) - и од оваа семејство имало угледни луѓе и трговци. Дудушци-Цветинчеви - од оваа семејство имало кујунџии (изработувале предмети и украси од злато и сребро). Стевчеви (2) - од оваа семејство бил прв учител во Кратово во 19 век, Пардуовци (1), водат потекло од некој Грк, Панчевци (2), Котревци (7), Рамевци-Суќевци (3), Џашикци (2), Бајевци (3), Мангровци (2), Чукчукци (2), Билковци (3), Бидици (4), Дејановци (2), Тричковци (8), Томчевци (2), Канчевци (2), Трпковци (1), Велин Поцевци (3), Чаневци (3), Чепишовци (2), Гаџевци (5), Брборковци (3), Дудевци (1), Буреци (1), Шљакневци (2), Белокапци (1), Боцинчевци (1), Аџи-Митевци (1), Лесевци (2), Граматикци (1), Маџарци (4), Џоневци (1), Магаришчарци (3), Бошевци (2), Дупиновци (2), Симоновци (2), Сентовци (1), Пенџуклијци (1), Фикинче (1), Трте (1), Мојсејчевци (1) и Мирчевци (1). Сите овие семејства се Македонци и Срби со православна верoисповед.

Турци: Што се однесува за турското население, по народно предание меѓу турските семејства имало и такви кои се населиле веднаш по заземањето на Кратово од страна на Турците. Еден член од турското семејство Сулејман-бегови зборувал за тоа како нивното семејство години наназад се доселиле во Муратово време од градот Коња од Мала Азија. Стари доселеници, доселени пред 18 век припаѓаат уште и овие семејства: Заимци, Семурлаовци, Змичевци, Демир-Алијски, Анабешпара, Едиповци, Јантевци, Батија-беговци и Асан-ефендијски. Сите овие семејства зборувале за тоа дека нивните предци биле доселени од Мала Азија. Доселени во Кратово по 17, 18, XIX и XX век. Во 17 век се доселиле овие семејства: Петревци-Поп-Андоновци (2) и Манговци (2) од Прилепско, Грозданци-Топуци (7) и Поп-Димитријевци (2) од Самоков, Бугарија. Овие доселеници зборувале за тоа дека нивните предци биле попови или угледни трговци и го бранеле народот од турските зулуми и се замериле со тогашните Турци. Затоа го напуштиле својот крај и се населиле во Кратово, каде тогаш населението поради рудниците имале поголема слобода. По сѐ изгледа Кратово во 17 век било некој вид на засолниште на христијаните.

Во 18 век, поради турската анархија и навлегувањето на Арнаутите на исток, христијанското население бегало испред нив и се засолнувале во планинските предели кои биле подалеку од главните комуникациски артерии (како што е случај со Кратовскo-Злетовската област). Оттогаш во овој век има доселеници од Дебарски, Тетовски и Врањски крај во оваа област, па и во самото Кратово. Тогаш во Кратово биле доселени овие семејства: Глигоровци (2) од Дебарско, Наковци-Ѓоревци (4) од Тетовско. Оваа семејство било многу плодно. Една жена родила 18 деца, Голубанци (10), од блиското село Врбица, а таму од Врањско, Ковачи (2) доселени од Горно Кратово, а таму од Врањско. Сите овие доселеници зборувале за тоа дека нивните предци побегнале од својот крај поради тоа што убиле некој Арнаутин што правел зулуми, и бегајќи од нив поради освета, се доселиле во Кратово или некое кратовско село под заштита на кратовските бегови. Во 18 век не работеле кратовските рудници и тогаш Турците околните села ги претвориле во чифлици. Затоа во овој век кратовските бегови ги примале доселениците од подалечни области и ги заштитувале од освета под услов тие да постанат нивни чифчии. Подоцна некои од овие доселеници преминале во градот, што е случај со споменатите семејства Голубанци и Ковачи. Од блиските села во 18 век се доселиле овие семејства: Чачерци (6), Деспотовци (3), Тошевци (4) од Куклица; Миладинци (8) од Тополовиќ. Овие доселеници зборувале за тоа дека нивните предци се доселиле во Кратово како слуги кај беговите.