Денар (кратенка: ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807) — официјална валута во Македонија. Народната банка на Македонија (НБРМ) има ексклузивно право на печатење и издавање на сите видови пари во Република Македонија: ковани пари - монети и хартиени пари - банкноти. Денарот бил воведен на 26 април 1992 година.Ќе се слават 20 години од македонскиот денар Нова Македонија
Денес, во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10 и 50 денари, како и хартиени банкноти со деноминации од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари. Банкнотите од 10 и 50 денари кои се влезени во оптек 1996 година се заменети со нови, полимерни банкноти, а истите се повлечени од оптек. Банкнотата од 5000 денари исто така е повлечена од оптек.
Потекло на поимот Името „денар“ потекнува од староримската монетарна единица „денариј“ и претставува израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот периоди. Предлогот за името бил даден од страна на академик Петар Илиевски. Претходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: „македонски динар“ или „лав“.Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скенпоинт, 2010, Скопје,исто, стр. 101-103.
Историја
Монетарно осамостојување
Република Македонија монетарно се осамостоила на 26 април 1992 година (Велигден), кога Собранието на Република Македонија донело пакет-закони со кои се поставила институционалната рамка на монетарниот систем и се вовел денарот како парична единица на Република Македонија. Денарот се делел на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е „ден.“. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од собраниската говорница ги презентирал првите македонски пари - денари - со зборовите:
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.
На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. Книжните пари што гласеле на југословенски динари дефинитивно престанале да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари останале во оптек уште една година.
Развиток на деноминациите Во 1993 година, новиот денар бил издаден со деноминации од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а апоенот од 20 денари бил издаден само во првата серија на банкноти. Сите апоени биле издадени како банкноти, додека во првата серија не биле ковани монети.
Во мај 1993, во втората серија биле воведени и монети со деноминации од 50 дени, 1, 2 и 5 денари.
Во 1996 година биле воведени апоените од 1000 и 5000 денари.
Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава јубилејни монети за колекционерски цели.
Во ноември 2008 година биле воведени монети со апоени од 10 и 50 денари.
Во 2013 година, монетата со апоен од 50 дени била повлечена поради тоа што истата била кована само во 1993 година и практично била тешко забележлива во оптек.
Во 2016 година биле воведени апоените од 200 и 2000 денари. НБРМ исто така започнала со повлекување од оптек на апоенот од 5000 денари како поселдица на неговата незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Најавено било дека деловните банки ќе ги заменуваат банкнотите со апоенска вредност од 5000 денари од 15 декември 2016 до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната земена ќе се вршела од страна на НБРМ.Пристигнуваат банкнотите од 200 и од 2.000 денари, заминуваат од 5.000, Денар, 15 декември 2016.
На 15 мај 2018 година, НБРМ ги воведе новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, со што Македонија влезе во мапата на замји кои започнале со полемеризација на банкнотите на нивните валути. Почнувајќи од истиот ден старите банкноти од 10 и 50 денари, кои првпат биле издадени во 1996 година, се повлечени од оптегСоопштение на НБРМ, 14.5.2018 година , НБРМ, 14 мај 2018
Производство Банкноти Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.
Монети Монетите се ковани од легура CuNi3Zn17 (CuZn15 за 50 дени) во ковницата „Сувенир“ во Самоков. Автори на ликовното и техничкото решение не монетите се Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковачницата.
Пари
Монети Серија од 1993 год.Слика (лице и опачина)ВредностБојаОдликиОпис (лице и опачина)граничник|центар|безрамка|204x204пкс50 дени жолто-златестаДиjам. 21,5 мм; Теж. 4,10 г, Метал: CuZn15; Ковница: Сувенир, Самоков; повлечени во 2013 год.Ав. 50 ДЕНИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 во долното централно поле. Претстава на галеб во лет.граничник|центар|безрамка|205x205пкс1 денар жолто-златестаДиjам. 23,8 мм; Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17; Ковница: Сувенир, СамоковАв. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец.граничник|центар|безрамка|204x204пкс2 денари жолто-златестаДиjам. 25,5 мм; Теж. 6,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир, Самоков,Ав. 2 ДЕНАРИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на охридска пастрмка.граничник|центар|безрамка|220x220пкс5 денари жолто-златестаДиjам. 27,5 мм; Теж. 7,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир, СамоковАв. 5 ДЕНАРИ во долното централно поле, Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на евроазиски рис.Серија од 2020 год.Слика (лице и опачина)ВредностБојаОдликиОпис (лице и опачина)Врска до датотека: 1 денар жолто-златестаДиjам. 23,8 мм; Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17; Ковница: Сувенир, СамоковАв. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец.
Банкноти Серија од 1992 год. Лице Опачина ВредностБоја Опис (лице)Опис (опачина) граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 10 денарисина Жени кои собираат тутун Споменик Македониум граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 25 денарицрвена граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 50 денарикафеава граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 100 денаритемносина граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 500 денаризелена граничник|центар|безрамка граничник|центар|безрамка|220x220пкс 1000 денаритемносина граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 5000 денарицрвена-кафеава Споменик МакедониумДевојка пред компјутер граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 10000 денарицрвена-кафеава Поглед кон Света Софија, Охрид Играорци и споменик Македониум Серија од 1993 год. Лице Опачина ВредностБоја Опис (лице)Опис (опачина) граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 10 денарисина Споменик Македониум Поглед на Крушево граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 20 денарикафеава-темноцрвена Даут Пашин Амам, Скопје Даут Пашин Амам во Скопје Саат кула, Скопје граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 50 денарицрвена Свети Пантелејмон, Скопје Поглед кон зградата на Народната Банка граничник|центар|безрамка|220x220пкс|Банкнота 100 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е предната страна на банкнотата од 100 денари, не задната!) граничник|центар|безрамка|220x220пкс|Банкнота 100 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е задната страна на банкнотата од 100 денари, не предната!) 100 денарикафеава Света Софија, Охрид Народен музеј, Охрид граничник|центар|безрамка|220x220пкс|Банкнота 500 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е предната страна на банкнотата од 500 денари, не задната!) граничник|центар|безрамка|220x220пкс|Банкнота 500 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е задната страна на банкнотата од 500 денари, не предната!) 500 денарикафеава-темнозелена Свети Јован-Канео, Охрид Самуилова тврдина, Охрид Серија од 1996 год. Лице Опачина ВредностБоја Опис (лице)Опис (опачина) граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 10 денаривиолетова Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во крстилницата на Епископската базилика (IV-V век), Стоби. граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 50 денарисина Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот цар Јустин II. Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 100 денаривиолетова-кафеава Таванска розета Поглед од албанска куќа граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 500 денарицрвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 1000 денарикафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко кале, Охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 5000 денарицрвена-кафеава Бронзена фигура на Менада (VI век пр.н.е), Тетово; на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), охридско. Кербер врзан за смоква, детаљ од подниот мозаик во нартексот на Големата базилика во Хераклеја Врскаестис (V-VI век), Битола. Серија од 2003 год. Лице Опачина ВредностБоја Опис (лице)Опис (опачина) граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 500 денарицрвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион граничник|центар|безрамка|220x220пкс граничник|центар|безрамка|220x220пкс 1000 денарикафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко кале, охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид Серија од 2014 год. (издадена 2016 год.) Лице Опачина ВредностБоја Опис (лице)Опис