Рено Талисман () – автомобил што го произведува француската фабрика за автомобили Рено од 2015 година. За кинескиот пазар Талисман се продава од 2012 година, но во дизајнерска смисла тоа се две различни возила. Во Јужна Кореја, Талисман од 2012 година се вика Рено Самсунг SM7.Netcarshow: Renault Talisman (2013)

Првпат во јавност бил прикажан на 6 јули 2015 година, а официјалната премиера ја имал во септември 2015 на саемот за автомобили во Франкфурт. Развиен е на платформата CMF-CD, која заедно ја равиле Рено и Нисан. Доаѓа како замена за лагуна и латитуд.

Се одликува со елегантен стил, простран ентериер, висока технологија и иновативност. Како Рено еспас и Рено каѓар има карактеристичен облик на маската на ладилникот со голем централно поставен амблем на марката. Осмислени се и оригинални стилски детали, како дневни лед светла или задни лед светла кои се вовлекуваат длабоко во капакот на багажникот. Располага со голем багажник од 608 литри. За разлика од лагуната, која назад имала петта врата, Талисман е класичен седан со четири врати или караван со пет врати.Б92: Рено Талисман – нова лимузина средње класе

Опремен е со ефикасни мотори со мала кубикажа, бензински од 1,6 TCe (150 и 200 КС) и дизел мотори од 1,5 dCi (110 КС) и 1,6 dCi (130 и 160 КС).Вреле гуме: Рено Талисман

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Netcarshow: Renault Talisman (2016) Аутомагазин: Рено Талисман – наследник лагуне откривен

Категорија:Автомобили Категорија:Автомобили рено Категорија:Автомобили од средна класа