Фудбалската федерација на Албанија (албански: Federata Shqiptare e Futbollit) е главно управно тело во структурата на албанскиот фудбал со седиште во Тирана.
Фудбалската Асоцијација на Албанија била основана на 6 јуни 1930, а ѝ се придружила на ФИФА во 1932 и била една од основачките членки на УЕФА во 1954.
На 14 март 2008, ФАА била суспендирана од ФИФА поради „значајни политички мешања“ во управувањето со асоцијацијата. Со ова, државните репрезентации на Албанија беа отстранети од официјалните натпреварувања, репрезентативците биле отстранети од официјални настапи и судиите не биле во можност да судат мечеви под покровителство на ФИФА.
Надворешни врски Статија за албанскиот фудбал на www.uefa.com Фудбалска Асоцијација на Албанија ФИФА УЕФА Albaniasoccer www.albania-sport.com.html
Албанија Категорија:Фудбалот во Албанија Категорија:Спортски организации во Албанија