Естел Нзе Минко (родена на 11 август 1991 г., во Сен Себастјан сир Лоар) е француска ракометарка која игра на позицијата среден бек за Ѓер Ауди ЕТО и за француската репрезентација.Estelle Nze Minko . nbcolympics.com

Таа е Светски и Европски првак со француската репрезентација од првенствата во 2017 и 2018, а има освоено и сребрен медал на Олимписките игри 2016.

Кариера Клупска кариера thumb|130px|left|Нзе Минко во Серкл Ним во 2013. Естел Нзе Минко започнала да игра ракомет на 12 години во градот Сен-Жилијан де Конкелс во близина на Нант, а подоцна му се приклучила на истоимениот тим во неговата младинска школа. Во 2009 година, таа му се приклучила на Тулуза на возраст од само 18 години играјќи за нив во првата лига на Франција, но на крајот од сезоната клубот се распаднал. Последователно, таа одиграла две сезони за Мјос Биганос, и една сезона во Серкл Ним пред да се врати во клубот во кој ја започнала својата кариера, Нант во 2013..

Пред почетокот на сезоната 2015-2016, таа потпишала за Флери каде дошла како замена за Марта Манге. Во Флери, таа ја освоила својата прва национална титула, Лига купот на Франција 2015-2016.

Во април 2016 година, Нзе Минко потпишала за унгарскиот клуб Шиофок заедно со својата клупска колешка Клои Булеу, што било нејзиното прво искуство во странство. Во текот на трите сезони во кој таа го носела дресот на Шиофок била една од најдобрите и најважните ракометарки на клубот. Во сезоната 2018-2019, Нзе Минко му помогнала на Шиофок да триумфира во Купот на ЕХФ, постигнувајќи 65 гола во текот на натпреварувањето, како само нејзината клупска колешка Андреа Кобетиќ и Хелене Гигстад Фауске од Хернинг Икаст имале повеќе од неа.

Во февруари 2019, Нзе Минко потпишала двегодишен договор со повеќекратниот европски шампион, унгарскиот Ѓер.Estelle Nze Minko and Amanda Kurtovic join Gyori Audi ETO KC www.handball-planet.com Нзе Минко на позицијата среден бек во клубот требало да ја замени холанѓанката Корнелија Грот.Estelle Nze Minko – new playmaker in Győr Timeout Magazine

Репрезентативна кариера Во октомври 2013 година, Естел Нзе Минко за првпат била повикана во француската репрезентација за натпреварите против Словачка и Финска од квалификациите за Европското првенство 2014. Својот прв настап, го забележала на 24 октомври во натпреварот против Словачка. Во декември 2014 година, таа бил избрана да учествува на Европското првенство 2014 во Унгарија и Хрватска. Франција го завршила турнирот на 5-тото место, а Нзе Минко постигнала 7 голови.

Во 2016 година, учествувала со својата репрезентација на Олимписките игри 2016 каде Франција стигнала до финалето, во кое во натпреварот за златниот медал била поразена од Русија, па Нзе Минко и нејзините соиграчки морале да се задоволат само со сребрениот медал. Во декември истата година, таа го освоила бронзениот медал на Европското првенство 2016. Со 35 гола и 20 асистенции, таа била една од најдобрите играчи на натпреварувањето.

Вистинските репрезентативни успеси за Нзе Минко и француската репрезентација дошле во 2017 и 2018 година, кога французинките ги освоиле титулите на Светското првенство 2017 и Европското првенство 2018. Нзе Минко била најдобар стрелец на Франција на Европското првенство 2018, вкупно петти на турнирот, со 38 постигнати голови со 82% шутерска прецизност.

Титули Клупски Мјос Биганос Челенџ куп (1) : 2010-2011

Флери Лоаре Лига куп на Франција (1) : 2015-2016

Шиофок Куп на ЕХФ (1) : 2018-2019

Репрезентативни Светско првенство (1) : 2017 Европско првенство (1) : 2018 Олимписки игри : 20px|Сребрен медал 2016

Наводи

Надворешни врски

Профил на eurohandball

Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски ракометарки Категорија:Ракометарки на Мјос Биганос Категорија:Ракометарки на Серкл Ним Категорија:Ракометарки на Нант Категорија:Ракометарки на Флери Лоаре Категорија:Ракометарки на Шиофок Категорија:Ракометарки на Ѓер