Опел Регент — луксузен автомобил, кој се произведувал во периодот од 1928 до 1929 од страна на германскиот производител Опел. Моделот имал две варијанти, едната со две врати (седан), а другата купе со две врати. Официјалното име на моделот било Опел 24/110.
Регент бил долг 5.400 мм и бил достапен за 25,000 марки. Имал осум цилиндричен мотор со капацитет од 6 литри кој дозволува најголема брзина од 130 км на час.
Во март 1929 година, Џенерал моторс купил 80% од акционерскиот капитал на Адам Опел АГ. Бидејќи ЏМ се плашел од преголема конкуренција, сите 25 претходно продадени модели на Регент требало да бидат повторно купени. Од овој модел не е сочуван ниту еден автомобил.
Името Регент било подоцна користено за луксузни верзии на некои модели, како што е Опел Регент 1.8 литри во 1932 година.
Наводи
Надворешни врски Opel Specials (German Website) Carsablanca (German Website)
Регент Опел Регент