Свети Архангел Михаил — главна селска црква во селото Могила. Црквата се наоѓа во непосредна близина на сретселото. Во октомври 2013 година моштите на Димче Могилчето биле пренесени во оваа црква.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна на црквата е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има мозаик на кој е прикажан Архангел Михаил, а споредниот влез се наоѓа на јужната страна и над него има празна ниша. Храмот во целост е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во неа се сместени камбанаријата, селските гробишта, како и помошен објект. Камбанаријата е сместена на завршетокот од помошниот објект, непосредно на левата страна од влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа во долниот и и осумаголна во годниот дел, каде што на секоја од осумте страни има по една монофора.
Галерија
Поврзано Могила Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Могилска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Могила Могила