Пежо 107 () – мал автомобил што го произведувала француската фабрика за автомобили Пежо во соработка со Тојота. Се произведувал од 2005 до 2014 година.

Историјат Тојота и групата ПСА во 2001 година одлучиле да направат мал заеднички автомобил за да ги поделат трошоците за развој. На саемот за автомобили во Женева во 2005 година претставиле три автомобили, Тојота Ајго, Ситроен Ц1 и Пежо 107. Биле развиени на заедничка платформа и сите три се произведувале во иста фабрика во Колин, во Чешка.

Ајго, 107 и Ц1 ја делат основната платформа, но веќе на прв поглед видливо е дека дизајнерите за поедините марки одлично ја завршиле работата и ги поврзале овие автомобили со автомобилите од својата марка. Сите три возила се долги околу 3,4 метри, широки 1,6 метри и високи околу 1,4 метри. Возилата биле наменети за 4 лица и имало модели со 3 и 5 врати. Овие штедливи возила поседувале напредни технологии во поглед на безбедноста и заштитата на околината. Производниот капацитет на погонот била 300.000 возила годишно, по 100.000 од секој автомобил. Продажбата почнала во јули 2005.

Пежо 107 двапати, во исто време со Ц1 и Тојота, во 2009 и 2012 година, бил редизајниран. Производството било прекинато во 2014 година, кога го наследил Пежо 108.

Мотори

Модел Зафатнина Цилиндри/вентили kW/КС НапоменаБензин 1,1i 996 cm³ 3/12 51 kW / 68 КС Дизел 1,4 HDi 1398 cm³ 4/8 40 kW / 55 КС

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Автомобили Категорија:Автомобили на Пежо Категорија:Мали градски автомобили