Пежо тип 1 () – првиот модел на автомобил произведен и комерцијализиран од Арман Пежо, основачот на фабриката за автомобили Пежо. Се произведувал од 1886 до 1890 година.

Пежо тип 1 бил еден од првите индустриски произведени моторни возила. Дизајнот бил на Леон Серполе, а првпат било претставено во 1886 година. Возилото било со три тркала, било опремено со парен котел на нафта и едноцилиндричен мотор со валчести вентили и коленеста оска. Моќноста на триколката произведена во 1899 година била околу 5 КС со 4 цилиндри и постигнувал максимална брзина од околу 25 километри на час.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Автомобили Категорија:Автомобили на Пежо