Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно училиште „Кочо Рацин“ - Беранци; скратено: ПОУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во селото Беранци, составен дел на истоименото училиште во селото Ивањевци, Општина Могила.
Училиштето е именувано по македонскиот поет Кочо Рацин.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, непосредно од десната страна на патот кој води од Ивањевци.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Могила Беранци Категорија:Беранци