Свети Димитриј — главна селска црква во селото Долна Чарлија. Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото, во правец кон Црна Река.
Историја Црквата е изградена на стари темели во 1895 година.„Долна Чарлија “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, базен за верски обреди, како и помошни објекти. Камбанаријата е сместена покрај оградата од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и во горниот дел на секоја од страните има по еден правоаголен прозорец. Влезот во камбанаријата е сместен на источната страна.
Галерија
Поврзано Долна Чарлија Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Беранечка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Долна Чарлија Долна Чарлија