Пиново или Блаца (, Пиново, Блаца, Плаца) — планина во Мегленско, Егејска Македонија, на границата со Р Македонија. На запад се надоврзува на планината Ниџе, а на исток продолжува во Кожуф. Во поножјето се селата Тушин (Аетохори) и Трстеник (Триопетра). Највисок врв е Корфула со висина од 2.156 м. Други повисоки врвови на Пиново се Висоград (Βίσογκραντ, 2.150 м) и Калуѓер (Καλόγερος, 1.873 м). На планината се воделе борби за време на Првата светска војна.
Растителност и животни На планината преовладуваат буковите и боровите шуми, кои се присутни до надморска височина од 1.800 м, а оттаму веќе преовладува високогорската (алпска) растителност. Застапени се најразновидни животни, како што е кафеавата мечка, волкот, еленот, но и ретки грабливи птици како златниот орел, орелот-змијар, мршојадците и други.
Поврзано Кожуф Ниџе Меглен
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Македонија Категорија:Кожуф Категорија:Меглен