Аугуст Адолф Едуард Еберхард Кунт (јазик германски|August Adolf Eduard Eberhard Kundt; Шверин, 18 ноември 1839 — Израелсдорф, 21 мај 1894) бил германски физичар.

Кунт е роден во Шверин во Мекленбург. Своите научни студии ги започнал во Лајпциг, но после отишол на Универзитетот во Берлин. На почетокот се посветил на астрономијата, но под влијанието на Хајнрих Густав Магнус, се окренал на физика и дипломирал во 1864 година со тезата за деполаризацијата на светлост.

Во 1867 година, станал приватдоцент на берлинскиот универзитет, а наредната година е избран за професор по физика во Циришка политехничка школа; потоа, после година или две проведени во Вирцбург, бил повикан во 1872 година во Стразбур, каде играл голема улога во организацијата на новиот универзитет, а учествувал и во подигањето на физичкиот институт. Конечно, 1888 година, отишол во Берлин како Хелмхолцов наследник на местото кое било за председавање за експериментална физика и директор на берлинскиот физички институт. Умрел после одлеганата болест во Израелсдорф, блиску до Либек, 21 мај 1894 година.

Како истражувач, Кунт бил особено успешен во областите на звук и светлост. Во 1866 година, развил вреден метод за проучавање на ваздушните таласи во цевките, заснован на фактот дека фино распоредена пудра, на пример ликоподиум, кога е расипан во внатрешноста на цевка во која се успоставува вибрирајќи столб во ваздух, кој натежнува да се собира на купчиња кај јазлите, па со тоа е мошно да се најде растојание помеѓу тие јазли. Воопштувањето на тој метод омозвожува одредување на брзината на звук во различни гасови. Во област на светлоста, Кунтовото име е најпознато по неговите истражувања на полето на аномалична дисперзија, не само во течности и гасови, туку и во металите. Исто така направил многу огледи во магнето-оптиката и успеал да го покаже она што Мајкл Фарадеј не успеал да примети - ротација на рамна поларизација кај одредени гасови под влијание на магнетна сила.

Литература

Категорија:Родени во 1839 година Категорија:Умрени во 1894 година Категорија:Германски физичари Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките Категорија:Починати во 1894 година