Трговиште () — град во Североисточна Бугарија, административен центар на истоименета општина и на Трговишката Област. Градот е сместен во подножјето на Преславската Планина, во долината на реката Врана. Има население од околу 36.440 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Трговиште е сместен во Дунавската Рамнина, на околу 170 метри надморска височина, северно од Преславската Планина. Се наоѓа на 318 км североисточно од главниот град Софија, на 285 км од Пловдив, на 149 км од Бургас, на 41 км западно од Шумен, на 25 км северозападно од Велики Преслав и на 100 км североисточно од Велико Трново.

Историја Според археолошки истражувања, Трговиште е најверојатно античка населба. Пронајдени се остатоци од стари населби од римско време и од Првата Бугарска Држава. Остатоци од тврдини од Втората Бугарска Држава биле пронајдени.

Познати личности Јордан Аврамов (1866-?), офицер Николаj Бачваров (р. 1963), фудбалер Четин Казак (р. 1972), политичар Тодор Капралов (р. 1923), фудбалер Никола Маринов (1879-1948), сликар, професор Евгени Матеев (1920-1997), економист Диан Първанов (р. 1965), фудбалер Никола Симов (1845-1876), револуционер, прв знаменосец на Ботевата чета Петар Стапов (1910-1992), писател Наводи

Надворешни врски Вести од Трговиште и регионот, вестите на НРТ FM, форум и галерија Портал на Општина Трговиште За Општина Трговиште Општина Проект BG 0102.03 за културниот туризам во Бугарија Област Трговиште

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Општина Трговиште (Бугарија) Категорија:Населени места во областа Трговиште