Хамфри Богарт (англ. Humphrey Bogart) е американски филмски глумец, популарен со своите улоги на гангстери и цврсти момци.

Животопис Роден е во Њујорк, каде и ја започнува својата глумечка кариера.

Кариера мини|Богарт со Лесли Хауард и Бети Дејвис во Престрашената шума, 1936 година Првиот позначаен успех го постигнал со филмот Престрашената шума (1936), каде го портретира гангстерот Дјук Манти, улога која две години претходно ја играл и на Бродвеј. Богарт во текот на својата кариера играл во повеќе од 70 филмови, меѓу кои особено се истакнуваат: Малтешкиот сокол (1941), Казабланка (1942), Да се има и да се нема (1944), Големиот сон (1946), Богатството на Сиера Мадре (1948), Ки Ларго (1948), Чукни на некоја врата (1949), Во осамено место (1950), Африканската кралица (1951) Удри го ѓаволот (1953) Сабрина (1954), Каиновиот бунт (1954), Очајни часови (1955).

Во 1951 година, Богарт го добил единствениот „Оскар“ за улогата на вулгарниот рибар во „Африканската кралица“. Тој бил прогласен за најголемата филмска ѕвезда во историјата според АФИ 100 години... 100 ѕвезди.Humphrey Bogart Biography

Наводи

Надворешни врски

Модерен алкохоличар: Три пијалаци однапред со Хамфри Богарт Карикатура на Хамфри Богарт Богарт: Зад легендата (документарец)

Категорија:Американски глумци Категорија:Оскаровци Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Починати во 1957 година Категорија:Американски филмски глумци