Котбус (; долнолужички: Chóśebuz; ) — универзитетски град во Бранденбург, Германија, сместен околу 125 километри југоисточно од Берлин на реката Шпре.

Историја

На денешното подрачје на градот била основана населба во 10 век, кога Лужичките Срби подигнале замок на песочниот остров во реката Шпре. Првото документирано спомнување на името на градот било во 1156. Во 13 век пристигнале германските доселеници и некое време живееле заедно со Лужичките Срби. Во средновековието Котбус бил познат по волната и завесите од градот биле пренесувани во скоро сите делови на Бранденбург, Бохемија и Саксонија. Во 1462 Котбус бил припоен кон Маркгрофовијата Бранденбург; во 1701 градот станал дел од Кралството Прусија. Во 1815 околните окрузи на Горна и Долна Лужица биле одвоени од Кралството Саксонија кон Прусија.

Од 1949 до повторното обединување на Германија во 1990, Котбус бил дел од Источна Германија.

Култура и образование

Котбус е културен центар на долнолужичкото малцинство. Многу знаци во градот се двојазични и постои гимназија на долнолужички јазик, но сепак јазикот е ретко говорен на улиците.

Веднаш до Котбус е познатиот парк Браниц, создаден од принцот Херман фон Пиклер-Мускау по 1845. Замокот Браниц бил повторно изграден од Готфрид Земпер во доцнобарокен стил помеѓу 1846 и 1852, а градините изградени од принцот Херман вклучуваат и две пирамиди. Една од нив, Seepyramide, е во средината на вештачко езеро и служи како негов мавзолеј.Udo Lauer, Fürst Pücklers Traumpark, Ullstein Verlag, 1996, Berlin

Секоја година Котбус е домаќин на Источноевропски филмски фестивал.

Котбус е исто така дом на Техничкиот Универзитет Бранденбург (BTU) и на математичката гимназија Макс Штенбек, која е именувана по физичарот Макс Штенбек.

Во градот се наоѓа фудбалскиот клуб ФК Енерги Котбус, кој моментално игра во втората германска Бундеслига. Нивните домашни натпревари се одигруваат на градскиот стадион.

Меѓународни односи

Збратимени градови

Котбус е збратимен со:

Монтреј, Франција (од 1959) Гросето, Италија (од 1967) Липецк, Русија (од 1974) Желона Гура, Полска (од 1975) Трговиште, Бугарија (од 1975) Кошице, Словачка (од 1978) Сарбрикен, Германија (од 1987) Гелзенкирхен, Германија (од 1995) Нунитон, Велика Британија (од 1999)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница (лужички) Официјална страница на Техничкиот Универзитет Бранденбург

Категорија:Градови во Бранденбург Категорија:Населени места во Долна Лужица Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Безокружни градови во Бранденбург Категорија:Бранденбург (покраина)