Статијава се однесува на област во Средна Европа. За селото во Егејска Македонија, погл. Лужица (Берско).

330п|мини|Географска положба на Лужица Лужица (, , , ) — историска област во Средна Европа. Се протега од реките Бубр и Квиса на исток до долината на Елба на запад, денес сместена во рамките на германските покраини Саксонија и Бранденбург, како и во Долношлеското и Лубушкото Војводство во западна Полска. По освојувањето на источна Германија од Црвената армија и поделбата во 1945, источниот дел на Лужица долж реката Лужичка Ниса припаднал на Полска.

Името потекнува од лужичкиот збор luzicy, кој означува „мочуришта“.

Поважни населени места Поважни градови и гратчиња во Лужица се:

Горна Лужица: Бауцен, Герлиц, Цитау, Лебау, Каменц, Лубањ, Бишофсверда, Хернхут, Хојерсверда и Бад Мускау. Долна Лужица: Котбус, Ајзенхитенштат, Либен, Либенау, Шпремберг, Финстервалде, Зенфтенберг и Жари.

Поврзано Лужица — истоимено село во Берско, Егејска Македонија, кое исто така се дели на Горна и Долна (тука во улога на маала).

Надворешни врски

Горна Лужица Долна Лужица Лужички Срби и Лужица Сојуз на Лужичките Срби

Категорија:Географија на Бранденбург Категорија:Региони во Саксонија Категорија:Историски области во Германија Категорија:Историски области во Полска