Карлобаси или Карљубаси (, Критика, до 1928 Καρλόβασι, КарловасиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρλόβασι - Κρητικά) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Денес не постои бидејќи одамна е припоено кон соседното Аканџали.
Географија Селото се наоѓало во подножјето на планината Беласица близу североисточниот брег на Дојранското Езеро и северно од градот Кукуш.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Карлобаси било мешано македонско-турско село во Дојранската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 Карло Обаси (Carlo Obassi) имало 30 домаќинства, со 37 муслимански и 55 македонски жители.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 192 – 193.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Карљубаси имало 180 жители, од кои 90 Македонци, 70 Турци и 20 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија.
Потпаѓање под Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според пописот од 1913 г. Карлобаси (Καρλόμπαση) имало 196 жители, а на следниот попис во 1920 г. во селото се избројани 133 лица. По протерувањето на македонското и муслиманското население, властите во селото довеле грчки доселеници, па така во 1928 г. е заведено како наполно доселеничко со 29 семејства и 130 жители. Карлобаси е отсутно од сите наредни пописи, бидејќи е припоено кон соседното село Аканџали.
Стопанство Жителите на денешното подрачје на Карлобаси во состав на Аканџали се занимаваат со одгледување на тутун, жито и детелина, а делумно е развиено и сточарството.
Поврзано Дојранска Котлина
Наводи
Категорија:Историски села во Кукуш