Лобаница или Лабаница (дијалектно Ломбаница или Ламбаница; , Агиос Димитриос; до 1928 г. Λαμπάνιτσα, ЛамбаницаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λαμπάνιστα - Άγιος Δημήτριος) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Географија Лобаница била сместена во традиционалната област Корешта, 27 км северозападно од општинското седиште Костур и 2 км северозападно од селото Косинец, во западните пазуви на планината Орлово (Малимади). Селото традиционално имало две маала — Горна и Долна Лобаница.

Историја Во Османлиското Царство Селото за првпат се споменува во османлиски дефтер од 1530 г.Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 111. Кон крајот на XIX век ова било чисто македонско село на самата западна граница со Деволскиот крај во Албанија. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лобаница (Lobanitza) било село во Костурската Каза со 95 домаќинства и 300 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горна Лабаница имала 535, а Долна — 20 жители, сите Македонци. Милоевиќ во ова време утврдил дека селото имало вкупно 80 македонски куќи.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лобаништа се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 64 куќи.

Раководството на Илинденското востание во Костурско, меѓу кои и Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол и Михаил Розов, испратило до сите странски конзулати во Битола дека на 30 август 1903 г. сите 80 куќи во Лабаница се изгорени, убиени се попадијата (на возрат од 70 години), Толе Гулов (75), Митре Капиданчев (60), Стојан Димов (75), Наке Гологачев (65), Наковица Гологачева (65), Митре Коломанчев (62), Наке Донев (60), Лазовица Капиданка (23), Иловица Марковичина (21), Наум Мангов (75) и Доне Миџов (65), а ранети се Лазо Сотирчев, Дина Сотировска, Коловица Богданоска и Геловица Димитрова.Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 292

На почетокот на XX век Лабаница страдала од влијанието на двете најсилни странски пропаганди во Македонија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 288 жители под Бугарската егзархија и 224 под Цариградската патријаршија, и во него работеле и бугарско и грчко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181. Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Лабаница имало 60 куќи со 305 жители, и во неа работеле црква и училиште.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 212. Георги Константинов Бистрицки вели дека Лабаница пред Првата балканска војна во 1912 г. се состоела од 70 македонски куќи.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.

При избувнувањето на Првата балканска војна, 8 лица од Лабаница зеле учество во Македонско-одринските доброволни чети.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 858.

Во 1915 г. учителот Ѓорѓи Рајков од костурско напишал:

Потпаѓање под Грција За време на војната селото е окупирано од грчката војска, и по Втората балканска војна е припоено кон Грција. Во 1928 г. е преименувано во Агиос Димитриос. Истата 1928 г. доведени се 5 грчки семејства со вкупно 18 члена. Ова сепак немало значајна последица по демографската состојба, земајќи дека таа година селото броело 228 жители.

Население Селото бежелело постојан опад на населението поради големото иселување во странство, претежно во прекуокеанските земји. Така, во 1940 г. Лабаница имала 217 жители, кога воедно е забележано дека дотогаш веќе се имаат иселено 49 семејства — повеќе од половината жители.

Селото е разорено за време на Грчката граѓанска војна кога сите жители биле принудени да го напуштат и да побараат спас во Р Македонија и некои источноевропски земји. Единствено останале седум семејства, на кои грчките власти не им дозволиле да се вратат во разурнатото село.

Поврзано Корешта

Наводи

Категорија:Лобаница