Гвакамоле () – макало, намаз или салата на основа на авокадо, првично воведено од Ацтеките во денешно Мексико. Покрај употребата во мексиканска кујнамексиканската кујна, тоа станало дел од меѓународната и американската кујна како макало, намаз или состојка за салати.

Потекло на поимот

Името доаѓа од ацтечкиот дијалект преку јазикот нахуатл , што буквално значи "авокадов сос" од āhuacatl ("avocado") + molli ("сос").

Историја Авокадото прво било одгледувано во Јужно Централно Мексико, пред околу 10.000 години. На почетокот на 1900-тите години, за авокадото често се користело името алигаторска круша.

Гвакамолето ја зголемило продажбата на авокадо во САД, особено на денот на супербоул и Синко де мајо. Зголемената потрошувачка на гвакамоле најверојатно се должи на укинувањето на забраната за увоз на авокадо во 1990-тите години и растот на латино популацијата во САД.

Состојки Макалото гвакамоле традиционално се прави со толчење зрели авокада и морска сол со molcajete y tejolote (аван и толчник). Во рецептите често се вклучени сок од лимета, коријандер и халапењо. Во некои нетрадиционални рецепти вклучени се кисела павлака, домати, босилек, или грашок.

Поради присуството на полифенол оксидаза во клетките на авокадото, изложеноста на кислород во воздухот предизвикува ензимска реакција и развива меланоидински пигмент, правејќи го сосот кафеав.Hartel, 2009, p. 43 Овој резултат генерално се смета за лош (ја намалува привлечноста), па има неколку методи (некои анегдотски) кои се користат за да се намали овој ефект, како што е складирање на гвакамолето во сад што не пропушта воздух или цврсто да се завитка во пластика за да се ограничи површината изложена на воздух.

Состав и хранлива вредност

Бидејќи главната состојка на гвакамолето е суровото авокадо, хранливата вредност на јадењето произлегува од витамините, минералите и мастите на авокадото, обезбедувајќи прехранбени влакна, неколку Б витамини, витамин К, витамин Е и калиум во значителна количина. Авокадото е извор на заситени масти, мононезаситени масти и фитостероли, како што е бета-ситостерол. Тие исто така содржат каротиноиди, како што се бета-каротин, зеаксантин и лутеин.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мексиканска кујна Категорија:Текс-мекс кујна Категорија:Веганска кујна Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ