Даув Боб Постум ( ; Амстердам, 12 декември 1992 година ) бил холандски пејач и текстописец. Тој бил специјализиран за народна музика, а во 2016 година ја претставувал Холандија на Евровизија .

Рани години Боб е роден на 12 декември 1992 година во Амстердам . Неговиот татко бил познат дизајнер.

На шестгодишна возраст започнал да свири пијано, првично се фокусирал на класичната музика и џезот . Почнал да свири на гитара на 14-годишна возраст; како пејач бил инспириран од фолк и поп-музиката од 1950 до 1970 година.

Кариера десно|мини|350x350пкс лево|мини|300x300пкс| Даув Боб на прес-конференцијата во Стокхолм 2016 година

2012-2013: Роден во невреме Во 2012 година учествувал и го освоил конкурсот за најдобар пејач-текстописец во Холандија. Ги свирел песните: Стојам овде беспомошен (), Икар ( ), и во финалето Шарени ангели ( )

Неговиот прв албум Роден во невреме () го објавил на 3 мај 2013 година. Тој ги напишал повеќето свои песни за време на одморот во Мароко .

2014-15: Поминете го Во јануари 2015 година, тој ја издал својата песна Држи ме (). Во февруари 2015 година, тој најавил нов албум кој бил објавен na 15 мај под името Поминете го во соработка со Universal Music Group .

2016-денес: Евровизија Во 2016 година тој ја претставувал својата земја на Евровизија во Стокхолм, каде завршил на 11-то место со 153 бода. Тој ја извел песната Успори (англиски: Slow Down) .

Приватен живот На 10 март 2016 година во интервју на телевизијата OutTV кажал дека е бисексуалец.

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Холандски пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Учесници на Евровизија