Свети Никола — главна селска и средновековна црква во охридското село Косел.

Црквата е прогласена за заштитен споменик на културата на Македонија.

Историја

Црквата потекнува од век.

Архитектура

Поседува специфична архитектура со мали димензии. Слична е на повеќето еднокорабни цркви во околината на Охрид.

Црквата е едноставна градба од продолжен тип. Има ниска тристрана апсида.

Фрескоживопис

Фреските до започнувањето на конзервацијата биле многу оштетени.

Конзервирање

Во 2014 година се реализирала шестата фаза од проектот за реставрација и конзервација на црквата. Интензивно бил обновен целокупниот фрескоживопис. Последната фаза чинела околу 3,9 милиони денари и била реализирана од стручни екипи на Заводот и музеј Охрид со поддршка на Министерството за култура.

Во рамки на претходните фази кои се спроведувале во периодот 2008-2014 била извршена конзервација на архитектурата на црквата, која се наоѓала во многу лоша состојба и постоела опасност за рушење. Објектот бил статички зајакнат, целосно бил препокриен, бил расчистен просторот и биле заменети старите врати со нови.

Галерија

Поврзано Косел Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Коселска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Косел Косел