Бранимир Шќепановиќ (српски: Бранимир Шћепановић; 1937, Подгорица, Кралство Југославија) - српски писател.
Животопис Бранимир Шќепановиќ е роден во Подгорица, во 1937 година, а живее во Белград.Тој е редовен член на Друштвото на француските писатели.Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 121-123.
Творештво Шќепановиќ е автор на следниве дела:Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 122. „Пред вистината“ (Пре истине), 1961, „Срамно лето“, 1965, „Уста полна со земја“ (Уста пуна земље), 1974 „Смртта на господинот Голужа“ (Смрт господина Голуже), 1977 „Откупување“ (Искупљење), 1980
Шќепановиќ е еден од водечките српски прозаисти на XX век. Тој бил еден од 400 светски писатели кои во 1985 година одговарале на прашањето: „Зошто пишувате?“, поставено во анкетата на францускиот весник Libération, како и еден од 240 светски писатели кои во јубилејниот број на весникот Nouvel observateur опишувале ист ден на планетата Земја. Исто така, тој е застапен во многу српски и странски антологии. На пример, „Смртта на господинот Голужа“ била дел од антологијата „Модерната европска новела“, објавена во Данска, во „Антологијата на светскиот расказ“ и „Антологијата на словенските книжевности“ објавени во САД. Во антологијата „Идеална библиотека“ која ја објавила Француската енциклопедија, меѓу 700 најзначајни книги на сите времиња се нашол и неговиот роман „Уста полна со земја“. Неговите дела се преведени на 32 јазици.
Шќепановиќ е добитник на две награди „Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула; врз основа на неговите дела и сценарија се снимени десет играни филмови; а неговите радио-драми се изведувани на повеќе европски радио-станици. Исто така, според неговите дела се изведувани три успешни театарски претстави во Франција („Откупување“ во Националниот театар во Тулуза, „Смртта на господинот Голужа“ во Градскиот театар во Шартр и „Уста полна со земја“ во Модерниот театар во Лил). Чешкиот композитор Зденек Лукач ја компонирал операта „Смртта на господинот Голужа“Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 122-123.
Наводи
Категорија:Српски романописци Категорија:Српски раскажувачи Категорија:Црногорски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Луѓе од Подгорица Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)