Илменау () — река јужно од градот Хамбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Илменау настанува во Линебуршкото Поле, јужно од Илцен, со спојување на реките Гердау и Штедерау во местото Ферсен, дел од градот Илцен. Претставува лева притока на Елба близу градот Винзен (Луе).
Илменау е долга 121 километар, вклучувајќи ја и должината на реката Штедерау. Најголемите градови долж Илменау се Илцен и Линебург.
Градот Илменау во сојузната покраина Тирингија не е долж текот на оваа река, туку на реката Илм.
Реката е пловна, но е малку искористена во тој поглед.
Наводи
Категорија:Реки во Долна Саксонија